Британската HMV спасена


Банкротираниот британски синџир продавници HMV, која продава музика, филмови и компјутерски игри, беше спасена од ликвидација, пренесе ИТАР-ТАСС.

Синџирот, основан пред 92 години, беше купен од компанијата Hilco, која е специјализирана во преструктуирањето и финансиско заздравување на фирми.

Според податоци на британските медиуми Hilco платила 50 милиони британски фунти ($ 75 милиони) за брендот HMV или 141 продавници од синџирот.

HMV прогласи банкрот и помина под надворешно управување во средината на јануари. За кризен гувернер беше назначена консултантската компанија Deloitte.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …