Британскиот бизнис е против независноста на Шкотска


Повеќе од 100 бизнис лидери се изјаснија против независноста на Шкотска. Тие рекоа дека не гледаат никаква економска оправданост за ваквиот потег. Досега тоа е најзначајната позиција на британскиот бизнис по прашањето со шкотската независност, забележува агенцијата Ројтерс.

Во соопштението на некои од најголемите британски компании се вели дека исходот од референдумот следниот месец ќе влијае на многу генерации во иднина.

На 18ти септември Шкотска ќе одржи референдум на кој нејзините жители кој се малку над 5 милиони ќе одлучат дали да стават крај на 307-годишниот сојуз со Англија и соодветно да излезат од рамките на Велика Британија.

Британскиот бизнис нагласува исто така дека има големи нејаснотии во прашањата поврзани со валутата, прописите, даноците, пензиите и членството во ЕУ.

Економијата на Шкотска се проценува на 250 милијарди долари. Земјата има успешна нафтена индустрија во Северното Море и база за нуклеарни подморници. Ако таа ја напушти економијата на Велика Британија, последиците ќе бидат длабоки, забележува агенцијата Ројтерс.


Видете следно

МАКПЕТРОЛ АД ЦЕЛОСНО ГИ ОТСТАПИ КАПАЦИТЕТИТЕ НА ХОТЕЛОТ „МАКПЕТРОЛ“ ВО МАВРОВО ЗА ДРЖАВЕН КАРАНТИН

Соочени со овој голем предизвик за зачувување на здравјето на нашите граѓани од пандемијата со …