Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пад од 1.9%


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, изнесува 97.2.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пад од 1.9%, во секторот Преработувачка индустрија пад од 3.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0.5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 3.7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1.3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.1%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 99.0.


Видете следно

Пендаровски-Ердоган: Солидарност и сојузништво за справувањето со коронавирусот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република …