Бројот на разводи во 2018 година бележи намалување од 18.8 % во споредба со 2017 година


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2018 година, во споредба со претходната година е намален за 2.1 % и изнесува 13 494 склучени брака. Најмногу бракови, 1 665 или 12.3 % се склучени во месец август, а најмалку, 738 или 5.5 % во месец март. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.0 % за жените и 91.8 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.7 %, и во трет брак со учество од 0.5 % во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2018 година, најголем број бракови, 4 446, се склучени кај жените на возраст од 25 до 29 години или 32.9 %. Според возраста, и кај мажите најголем број бракови, 4 999 или 37.0 %, се склучени во истата старосната група од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучување прв брак е 26.9 години за невестата и 29.6 години за младоженецот.

Бројот на разводи во 2018 година бележи намалување од 18.8 % во споредба со 2017 година и изнесува 1 620 разведени бракови. Најмалку бракови, 63 или 3.9 %, во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу, 172 или 10.6 %, во месец декември. Според траењето на бракот, најголем број разводи, 322, се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.


Видете следно

УЈП: За неколку дена истекува рокот за увид во претпополнетата ГДП за 2018 година

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31.05.2019 истекува рокот за увид во …