Бројот на туристите во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 14.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 22.1%


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2018 година изнесува 49 347, а бројот на ноќевањата изнесува 107 324.

Бројот на туристите во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 14.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 22.1%.

Бројот на домашните туристи во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 5.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 20.9%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 11.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 32.0%.

Бројот на туристите во јануари 2018 година, во однос на претходниот месец, е намален за 4.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.5%.


Видете следно

Силјановска победи во Скопје, а Пендаровски подобар во општините Сарај, Чаир Шуто Оризари, Карпош …

Во првиот круг на претседателски избори во град Скопје победи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова. …