Бучковски: Ние направивме болен компромис, Македонија прави голема жртва


Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски ја оценува промената на името на државата како „тежок компромис со висока цена“, но идните генерации ќе ги почувствуваат позитивните страни на договорот меѓу Заев и Ципрас.

Според професорот Бучковски, земјата е подготвена за интеграција во рамките на Европската заедница. До крајот на 2019 година ќе стане членка на НАТО, а во јуни 2020 година ќе може да започне преговори за ЕУ, рече политичарот.

„Ние направивме болен компромис. Македонија прави голема жртва, но тоа беше неопходно за тие луди десет години од владеењето на Никола Груевски. Балканот нема да биде стабилен без стабилна Македонија, но од друга страна, ние немаме друга алтернатива“, вели Бучковски во интервјуто.

За целото Видео кликнете ТУКА


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …