Breaking News

Буџетскиот совет ја изгласа одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на собраниските службеници


Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија на денешната седница ја изгласа Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на собраниските службеници.


На седницата беа донесени и Одлуката за начинот на утврдување на платите на вработените во Службата на Собранието на Република Северна Македонија кои вршат помошно-технички работи и немаат статус на административни службеници, како и Одлуката за начинот на функционирање и обезбедување средства за остварување контакти на пратениците со граѓаните.


Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ пред гласањето за последната Одлука се јави за збор. Рече дека дел од пратениците се уште немаат канцеларии.

-Би замолил да се направи пречистена информација за тоа кои пратеници се уште немаат канцеларии и дека ние како Собрание реагираме до градоначалниците да се обезбедат канцеларии за кој било пратеник од која било пратеничка група. Не е во ред се уште колеги пратеници да се соочуваат со ова. Сметам дека како Буџетски совет треба да се обратиме повторно со допис до сите градоначлници каде одредени пратеници се соочуваат со проблеми за профункционирање на канцелариите, истакна Мицевски.


Претседателот на Буџетскиот совет Горан Мисовски го прифати предлогот на Мицевски и најави дека ќе ги задолжи службите да изготват таква информација за следната седница на Буџетскиот совет. мч/лв/

фото: МИА