Бугарија и Македонија ќе го одржат првиот заеднички владин состанок


Бугарската и македонската влада денеска ќе го одржат својот прв заеднички состанок. Средбата на двата кабинети ќе се одржи во Струмица. Првично ќе има разговор со “четири очи” меѓу премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев.

Се очекува да бидат потпишани девет документи за билатерална соработка во областа на надворешната политика, инвестициите, енергетиката, одбраната, туризмот, телекомуникациите, инфраструктурата и реакцијата при катастрофи. Договорите се дел од Договорот за пријателство, соработка и соседство, потпишан на 1 август оваа година.


Пред почетокот на пленарната седница премиерите Борисов и Заев ќе положат венци пред споменикот на претседателот на Република Македонија во периодот 1999-2004 година Борис Трајковски.

Предвидена е и церемонија на врачување на специјализирано возило за лица со посебни потреби, што е донација од Бугарија за Струмица.



Видете следно

Повторно високи бројки: Направени се 6.353 тестови, а еве колку нови случаи се регистрирани со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира, дека во последните 24 …