Бугарија со најголем раст во индустријата во ЕУ


Обемот на индустриското производство во Бугарија во јануари 2013 година се зголемил за 8% на годишно ниво. Ова го покажуваат податоците на европската статистичка служба Еуростат. Со овој резултат Бугарија го дели првото место со Литванија за најдобар показател во Европската унија (ЕУ).

Во декември 2012 година, обемот на индустријата во земјата се зголемил за 6.3%, што пак беше рекорд за целата мината година.

Просекот за ЕУ индустријата се намалил со 1,7% во јануари, а во еврозоната со 1,3%.

Во Шведска и Финска, производството се намалило со 5.9% и 5.4% на годишно ниво. Во Норвешка, која е надвор од ЕУ, намалувањето е 7.5%. Традиционално слаби резултати покажуваат Грција и Шпанија во кои обемот на производството се намалуваат со 5%.

Во Естонија индустријата порасна за 5.5% на годишно ниво. Во Романија процентот достигнува 3.8, а во Словачка – 3.3%.


Видете следно

Вицепремиерот Анѓушев во посета на општина Градско: Се решаваат реални проблеми на граѓаните

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, заедно со министерот …