Cargo e-Bike – новиот превоз до работните места, без притоа да и наштетите на околината


Нови решенија за одржлива мобилност и транспорт на стоки и луѓе во урбаните региони – Volkswagen Комерцијални возила го претставија електричниот транспорт од иднината.  

Томас Седран, претседател на одборот за менаџмент на Volkswagen Commercial Vehicles, ги најави целите на брендот: „ Во традицијата на Volkswagen е да бидеме чекор понапред, ние сега работиме на решенија за предизвиците на иднината, размислувајќи за одржлива мобилност за нашите клиенти и за подобар квалитет на воздухот во нашите градови“.

Во својот проект, брендот разви товарен трицикл, кој што корисниците на брендот ќе можат да го користат за последниот чекор од испораката – трговците, на пример, би можеле да го искористат за возење до работните места, без притоа да и наштетат на околината. Cargo e-Bike може да носи до 210 килограми, вклучувајќи го и возачот, и може да се справи со товарен волумен од еден пол кубен метар. Опремен со мотор од 250 вати поставен во средина со автоматски менувач, има мал круг на вртење и иновативна технологија со постојано одржување на перфектна хоризонтална поставеност на возилото. „Нашиот Cargo e-Bike ги спојува сите познати карактеристики за користење и возење за да направи совршен производ“, нагласува Седран.


Видете следно

Шестата генерација на Opel Corsa вози на струја

  Opel вози електрично. Со новата шеста генерација на Corsa, германскиот производител на автомобили првпат …