НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово ќе реализира 30-тина проекти од годишната програма

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ доби средства од Министерството за култура за реализација на 30-тина проекти, соопштија денеска од установата. Кумановци ќе можат да проследат изложби, концерти, театарски претстави. Одобрени се средства за организација на меѓународниот фестивал Денови на комедија, како и Меѓународниот фестивал на проза. Програмските средства …

Повеќе »

„Макпетрол” со 13 медали најуспешен на државното карате-првенство за сениори

Со шест златни, пет сребрени и две бронзени медали, карате клубот „Макпетрол” оствари најдобар резултат на државното првенство за сениори што викендов се одржа во Скопје. Во своите тежински категории, шампиони на Македонија станаа Петар Заборски (-75 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.) и Петар Спасеновски (-84 …

Повеќе »

Меѓународна недела на Филозофскиот факултет во Скопје

Од денеска до 23 февруари ќе се одржува 5. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет во Скопје. Студентите, професорите и сите љубители на умниот збор и мудрата мисла, ќе имаат можност да ги проследат предавањата и дискусиите во рамките на програмата, на професори од Израел, Словачка, Шпанија, Грција, Полска, Украина, Швајцарија, …

Повеќе »

Во Тетово конференција за економска писменост и образование

Во организација на Институтот Либерална алтернатива и Иницијатива за економски основи од САД денеска во Тетово започна конфенцијата за економска писменост и образование #EconLit2023. Целта на конференцијата е да промовира поголемо разбирање на економските концепти и да го поддржи развојот на ефективни интервенции за економска писменост во Северна Македонија. -Идејата …

Повеќе »

САД: Научници одгледуваат загрозен вид морски ѕвезди во лабораторија

На неколку часа од Сиетл, САД, на место до коешто може да се пристапи само со чамци, научници од „Фрајдеј харбор“ лабораторијата при Универзитетот на Вашингтон размножуваат и проучуваат единки од загрозената тн. сончогледова морска ѕвезда (Pycnopodia helianthoides), по масовното нејзино истребување изминативе години. Овие ѕвезди кои некогаш ги имало …

Повеќе »

Наставниците –приправници и вршителите на должност директори на штипските основни и средни училишта побараа ДИЦ да им овозможи полагање на стручни испити

Вршители на должност директори на основни и средни училишта и наставници приправници денеска на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип го искажаа револтот, бидејќи повеќе од една година не им е овозможено да полгаат менаџерски и стручен испит. Јованка Шалева вршител на должност директор на СОУ „Коле Нехтенин“-Штип на прес-конференцијата истакна …

Повеќе »

На електронските адреси кај 14 професори стигнала дојава за бомба во скопско средно училиште

На приватни електронски адреси на 14 професори попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училиште, информираат за МИА од МВР. Веднаш по добиената пријава, додаваат, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки …

Повеќе »

ССК и „Тиквешки семејни винарии” на традиционално закројување на винова лоза во Кавадарци

14.02.2023 – Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски и потпретседателот Горан Ѓорѓиевски учествуваа на традиционалното закројување на винови лози на настан организиран од здружението „Тиквешки семејни винарии” во атарот на селото Ресава, Општина Кавадарци. На манифестацијата беа присутни голем број на производители на вино и други традиционални производи …

Повеќе »

Тројца убиени и петмина повредени во пукање во американски универзитетски кампус

Три лица се убиени, а петмина се ранети откако маж отвори оган во кампусот на државниот универзитет во Мичиген во градот Лансинг. Нападот се случил нешто по 20:00 часот по локално време (01 GMT) во зграда на универзитетот. – Откако отворил оган таму, вооружениот напаѓач заминал во друга зграда и …

Повеќе »

„Ги запознаваме ретките болести 2023“: Фамилијарна медитеранска треска/Familial Mediterranean fever (FMF)

Фамилијарна медитеранска треска (ФМТ) е генетско автоинфламаторно нарушување кое предизвикува повторлива треска и болно воспаление на абдоменот, белите дробови и зглобовите. ФМТ е наследна болест која најчесто ги погодува луѓето од медитеранско потекло – вклучувајќи ги и оние од северноафриканско, еврејско, арапско, ерменско, турско, грчко или италијанско потекло. Но, тоа …

Повеќе »