ЕКОНОМИЈА

Грција: 800 службеници остануваат без работа

Останувањето без работа на 2600 вработени од грчката државна компанија за радио и телевизија ЕРТ најверојатно ќе биде проследено со кратенката на уште 800 други вработени на државни организации, кои допрва треба да се случи, објави електронското издание на весникот “Катимерини”. Седумнаесет организации треба да бидат затворени, а другите 53 …

Повеќе »

Еврозона: € 14,9 милијарди трговски суфицит

Еврозоната предвидува трговски суфицит од 14,9 милијарди евра за април, по рекордни 22,5 милијарди евра во март, покажуваат објавените првични проценки на европската статистичка служба Евростат, пренесува AFP. Во април во однос на март извозот е намален за 0,8%, а увозот се зголемил за 0,5%, прецизира Еуростат. Во април минатата …

Повеќе »

Резултати од Анкетата за работната сила за првото тримесечје за 2013год

Според податоците на Државниот завод за статистика, во I тримесечје од 2013 година активното население во Република Македонија брои 953 780 лица од кои вработени се 668 957, а 284 823 лица се невработени.

Повеќе »

Италија со мерки за стимулирање на економијата

Италијанската влада усвои серија мерки за стимулирање на економијата, вклучувајќи го и одвојувањето на 3 милијарди евра за инфраструктурни проекти кои ќе создадат 30 000 работни места. Предвидено е олабавување на процедурите за собирање на даноци од настраданите од кризата и можност универзитетите да вработат повеќе истражувачи.

Повеќе »

Шпанската економија ќе се опорави до крајот на 2014 година

Шпанија ќе се ослободи од рецесијата до крајот на 2014 година, а во 2015 ќе забележи и економски раст. Ова го покажуваат податоците од истражувањето на Bloomberg. Поводите за оптимизам се предизвикани од ублажување на мерките за штедење наметнати на земјата од Европската унија. Уште во првиот квартал на 2014 …

Повеќе »

Русија го отвора извозниот пазар за природен гас

Уште во текот на оваа година Русија може да го отвори својот извозен пазар за природен гас, кој во моментов е под контрола на гигантската компанија Газпром, рече вицепремиерот Аркадиј Дворкович. Според неговите зборови, тоа би можело да се случи уште до крајот на годината, ако азискиот пазар биде приоритет.

Повеќе »

S & P ја зголеми перспективата на економијата на САД

Американската агенција Standard & Poor’s ја зголеми перспективата пред долгорочниот кредитен рејтинг на САД од “негативна” на “стабилна”. Најголемата економија во светот ја задржува оценката за долгорочните обврзници на “АА +”. Можноста САД да загуби дел од високиот рејтинг на краткорочен план е помалку од 33%, пишува во своето мислење …

Повеќе »

Франција: Реформа во банкарскиот сектор

Француските пратеници ги одобрија реформите во банкарскиот сектор, одвојувањето на шпекулативните активности на банките и банкарството на мало, без притоа да се дојде до вистинска поделба, како што вети Франсоа Оланд во кампањата за претседатели, пренесе AFP. Реформата изолира шпекулативни активности на банките, кои не се од корист за економијата …

Повеќе »

Германија инсистира на строги мерки против социјалниот туризам

Германија има намера да воведе строга контрола на имигрантите, кои пристигнуваат од други членки на Европската унија и се обидуваат да ги искористат предностите на општествениот систем на земјата. Тоа го изјави германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих. Еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром, сепак, истакна дека земјите членки …

Повеќе »