Breaking News

ЕКОНОМИЈА

Комерцијална банка чувар на имот на ВФП Отворен доброволен пензиски фонд – Скопје

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) информира дека вчера успешно е извршена миграцијата на имотот на ВФП Отворен доброволен пензиски фонд – Скопје од Шпаркасе банка АД Скопје во новата банка чувар на имот – Комерцијална банка АД Скопје. – Почнувајќи од денеска Комерцијална банка АД Скопје …

Повеќе »

Богоев – Кванјанг Ко: Почнува реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари

Директорот на Царинска управа Стефан Богоев и генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко остварија средба во седиштето на корејската Царина во Сеул на која најавија отпочнување на реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен …

Повеќе »

Антикризните мерки следната недела, Владата оптимист дека инфлацијата ќе биде под шест проценти до крајот на годината

Новиот пакет антикризни мерки, според најавите на Владата, се очекува да биде објавен кон средината или крајот на следната недела. Во меѓувреме, мерката со која дел од прехранбените производи се продаваат со „гарантирана цена“ е продолжена до крајот на годината наместо како што првично беше најавено до крајот на овој …

Повеќе »

Се очекува Владата идната недела да го усвои законот за нефер трговски практики и да го достави до Собранието

Предложениот закон за нефер трговски практики се очекува идната недела да биде усвоен од Владата, а потоа и да биде доставен до Собранието. Како што рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, веќе се пристигнати сите забелешки и коментари од засегнатите страни, производителите, дистрибутерите и ланците супермаркети. Оваа недела, во …

Повеќе »

Владата се уште не добила одговор од Европската комисија за бугарската такса на рускиот гас

Владата се уште нема добиено одговор по испратениот допис до Европската комисија за таксата што ја наметнува Бугарија за рускиот гас. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, се уште не е јасно дали „Гаспром“ ќе ја прифати таксата, но земјава е подготвена за тоа ако биде директно погодена.  – …

Повеќе »

Доновска-Гечева: Банките се обврзани да ги информираат граѓаните за надоместоците за платежните услуги

Преку информативен документ за надоместоците за платежни услуги, со податоци во стандардизирана форма, банките и штедилниците, односно сите даватели на платежните услуги, се должни да ги информираат граѓаните за трошоците што им ги наплаќаат, појаснува Биљана Доновска-Гечева од Дирекцијата за платни системи при Народната банка.  Доновска-Гечева, како што соопшти Народната …

Повеќе »

Вработените во Печатница Напредок – Тетово четири месеци немаат добиено плата, а повеќе години немаат здравствено осигурување, можно е отворање на сте…

Вработените во Печатница Напредок – Тетово, односно Напредок 1 и Напредок Принт – Тетово, веќе четири месеци немаат добиено плата, а повеќе години немаат ниту здравствено осигурување. Претседателот ан Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, на денешната прес-конференција изјави дека до крајот на наредната недела ќе се даде можност …

Повеќе »

Презентација и дискусија за ПАХЕЦ Чебрен во организација на ЗЕМАК

Здружението на енергетичари на Mакедонија (ЗЕМАК) денеска во Стопанска комора на Северна Македонија oрганизира тематска панел дискусија „Презентација на проектот и дискусија за ПАХЕЦ Чебрен“. Панелисти на дебатата ќе бидат проф. д-р Вангел Фуштиќ од ЗЕМАК,  Виктор Андонов, директор за развој и инвестиции во АД ЕСМ на  д-р Александар Дединец, …

Повеќе »

Прва конференција за патна инфраструктура: Искуства, предизивици и перспективи

Во Охрид денеска ќе се одржи Првата конференција за патна инфраструктура, искуства, предизвици, перспективи. Конференцијата е во организација на Здружението за градежништво, индустрија за градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Министерство за транспорт и врски и ЈП за државни патишта. На отворањето на …

Повеќе »

УЈП најави дополнителни контроли заради сомневања при плаќања на данок на добивка 

Управата за јавни приходи (УЈП) ќе направи дополнителни контроли заради сомневање за изведното плаќање на данок на добивка од страна на компании кај кои некои од овие лица се јавуваат како сопственици или управители, најави денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска.  -Согласно  анализата што ја имаме направено кај различни целни …

Повеќе »