Breaking News

ЕКОНОМИЈА

Солидарен данок наплатен од 130 компании, 26 не ја исполниле обврската

Заклучно со вчера, 8 ноември, од 130 компании се наплатени 2,3 милијарди денари по основ на данокот на солидарност. Оваа обврска ја имаат 156 компании, меѓу кои и едно јавно претпријатие, со вкупен износ од три милијарди, 29 милиони денари. Дваесет и шест компании сѐ уште не ја подмириле обврската …

Повеќе »

Германската Влада планира да ги намали цените на електричната енергија за индустријата

– Германската Влада планира да ги намали цените на електричната енергија за тешката индустрија преку комбинација на даночни олеснувања и продолжување на субвенциите за енергетски интензивните индустриски производители, дознава ДПА. Околу 350 германски компании кои се особено изложени на меѓународна конкуренција и се ставени во конкурентна неповолна положба поради високите …

Повеќе »

Од полноќ поевтинува мазутот

Од полноќ поевтинува мазутот, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.  Според новата одлука на РКЕ, мазутот ќе се продава по цена од 44,996 ден/кг. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти. …

Повеќе »

Бектеши – Памер: Има простор за зголемување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Австрија

  Досегашната успешна соработка меѓу Северна Македонија и Австрија и поддршката што ја добиваме за европската перспектива биле потврдени на денешната средба на министерот за економија Крешник Бектеши со новоименуваниот амбасадор на Австрија во земјава, Мартин Памер. Министерот Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, му посакал успешен мандат на …

Повеќе »

Комерцијална банка чувар на имот на ВФП Отворен доброволен пензиски фонд – Скопје

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) информира дека вчера успешно е извршена миграцијата на имотот на ВФП Отворен доброволен пензиски фонд – Скопје од Шпаркасе банка АД Скопје во новата банка чувар на имот – Комерцијална банка АД Скопје. – Почнувајќи од денеска Комерцијална банка АД Скопје …

Повеќе »

Богоев – Кванјанг Ко: Почнува реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари

Директорот на Царинска управа Стефан Богоев и генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко остварија средба во седиштето на корејската Царина во Сеул на која најавија отпочнување на реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен …

Повеќе »

Антикризните мерки следната недела, Владата оптимист дека инфлацијата ќе биде под шест проценти до крајот на годината

Новиот пакет антикризни мерки, според најавите на Владата, се очекува да биде објавен кон средината или крајот на следната недела. Во меѓувреме, мерката со која дел од прехранбените производи се продаваат со „гарантирана цена“ е продолжена до крајот на годината наместо како што првично беше најавено до крајот на овој …

Повеќе »

Се очекува Владата идната недела да го усвои законот за нефер трговски практики и да го достави до Собранието

Предложениот закон за нефер трговски практики се очекува идната недела да биде усвоен од Владата, а потоа и да биде доставен до Собранието. Како што рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, веќе се пристигнати сите забелешки и коментари од засегнатите страни, производителите, дистрибутерите и ланците супермаркети. Оваа недела, во …

Повеќе »

Владата се уште не добила одговор од Европската комисија за бугарската такса на рускиот гас

Владата се уште нема добиено одговор по испратениот допис до Европската комисија за таксата што ја наметнува Бугарија за рускиот гас. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, се уште не е јасно дали „Гаспром“ ќе ја прифати таксата, но земјава е подготвена за тоа ако биде директно погодена.  – …

Повеќе »

Доновска-Гечева: Банките се обврзани да ги информираат граѓаните за надоместоците за платежните услуги

Преку информативен документ за надоместоците за платежни услуги, со податоци во стандардизирана форма, банките и штедилниците, односно сите даватели на платежните услуги, се должни да ги информираат граѓаните за трошоците што им ги наплаќаат, појаснува Биљана Доновска-Гечева од Дирекцијата за платни системи при Народната банка.  Доновска-Гечева, како што соопшти Народната …

Повеќе »