ЕКОНОМИЈА

Истражување на ЦГК и Активо: Владата и општините скратиле 220 милиони евра од проекти за граѓаните во кризната 2022 година

За да ги покријат трошоците на кризата во 2022 година, Владата и општините скратиле од граѓаните наместо порационално да ги трошат буџетските пари. Откажани се витални проекти вредни 220 милиони евра. Ова го покажаа истражувањата на Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо, во врска со последиците …

Повеќе »

Битиќи: Соодветен е одѕивот на компаниите по основ на Законот за солидарен данок

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е задоволен од одѕивот на компаниите по однос на Законот за солидарен данок. Собраните средства по овој основ, како што изјави денеска, ќе бидат наменети за антикризни мерки и ќе одат кај најранливите категории на граѓани. – Одѕивот е соодветен. Мислам дека според последните …

Повеќе »

НФФ: Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените во земјоделството за 2023 година е одлично решение

Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените во земјоделството за 2023 година е одлично решение што овозможува земјоделките да добиваат паричен надоместок за време на мајчинство за период од 9 месеци. Тоа е голем успех за земјоделките и земјоделците, кои навистина ја заслужуваат оваа поддршка, велат од Националната федерација …

Повеќе »

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности

Бизнис делегацијата од нашата држава, при посетата на Кина одржа средба во македонската амбасада во Пекинг со амбасадорот Василе Андоноски за запознавање на актуелните состојби и потенцијали за соработка меѓу двете земји, соопшти Сојузот на стопански комори. Амбасадорот Андоноски, како што се наведува, истакнал дека Северна Македонија и Кина имаат …

Повеќе »

На седницата на Советот на Народната банка донесени Насоки за банките за управување со ризиците поврзани со климатските промени

Советот на Народната банка ја одржа својата редовна седница на која ги донесе првите Насоки за управување со ризиците поврзани со климатските промени, коишто деловните банки ќе ги земат предвид при формулирање и спроведувањето на својата деловна стратегија и во процесот на управување со ризиците. Како што соопшти Народна банка, …

Повеќе »

Македонската берза  и Капитал финансиски центар ја подигнуваат финансиската писменост на граѓаните

„Заштеди и инвестирај за подобра иднина“ беше темата на едукативниот настан по повод Светскиот ден на штедењето, кој се одржа вчера во Скопје во организација на Македонска берза АД Скопје и Капитал финансиски центар. -Обуката беше наменета за индивидуалци и правни лица кои сакаат да ги заштитат своите пари од …

Повеќе »

Бектеши ќе учествува на деветтиот „FMCG SUMMIT“

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува и ќе се обрати на деветтиот „FMCG SUMMIT“, кој се одржува во организација на магазинот „InStore“ и „Кликер маркетинг“. Како што информираат од Министерството за економија, Бектеши ќе биде дел од панел-дискусијата со релевантни претставници од секторот за трговија со стока за …

Повеќе »

Финансиските друштва предупредуваат: Најчестите злоупотреби се од блиски луѓе, внимајавте кому давате пинови, лозинки, картички и трансакциски сметки

Ажурирајте ги навреме личните податоци и пазете каде ги споделувате, не откривајте лозинки и други информации за вашите сметки, внимавајте каде ја приложувате личната карта, пријавете ако ја изгубите и бидете свесни за вашите права. Ова се само некои од препораките на кампањата за финансиска едукација на населението што ја …

Повеќе »

Две компании од Северна Македонија на ранг листата „ЈИЕ ТОП 100“ во Југоисточна Европа

Две компании од Северна Македонија се најдоа на ранг листата „ЈИЕ ТОП 100“ на најголеми компании во Југоисточна Европа во 2022 година, објавена денес од „СиЊуз“ (SeeNews). Хемиската компанија „Џонсон Мети“ е рангирана на 30. место со вкупни приходи од 2,5 милијарди евра, пораст од 19 отсто во однос на …

Повеќе »

Бесими: Испраќаме јасни сигнали за справување со инфлацијата која се намали од 19,8 проценти на 6,6 отсто

Политиките што ги спроведуваме како Влада во справување со ценовната криза се покажуваат преку намалување на инфлацијата која од 19,8 проценти во октомври сега е намалена на 6,6 отсто и тоа се јасни сигнали и кон граѓаните и кон бизнисот дека како и другите земји се бориме со инфлацијата, вели …

Повеќе »