ЕКОНОМИЈА

Грција ќе сопре над 50 илјади пензии по пребројување на пензионерите

Грчкото Министерство за труд очекува да запре над 50 илјади пензии во земјата, откако заврши пописот извршен во трите најголеми пензински фондови во земјата, соопшти агенцијата АНА-МПА. Пензиите ќе бидат запрени, бидејќи во рамките на пописот во трите фондови не се јавиле над 50 илјади пензионери, а во исто време …

Повеќе »

Францускиот министер за финансии е под истрага за даночна измама

Француската обвинителство започна истрага против министерот за финансии Жером Кахузак поради сомневањата дека имал тајна банкарска сметка во Швајцарија, соопшти агенцијата Reuters. Информациите излегоа од францускиот сајт за истраги Mediapart, според кој до почетокот на 2010 година министерот држел сметка во швајцарската банка UBS.

Повеќе »

Турција се насочи кон Африканскиот пазар

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган вели дека Турција има за цел да ја зголеми размената на трговија во 2015 година во африканските земји и таа да изнесува $ 50 милијарди долари, пренесува агенцијата Анадолија. Турција вложува големи напори за развојот на Африка, изјави турскиот премиер пред да замине за Габон. …

Повеќе »

Влечење на добивки на јенот по наглиот пад минатата недела

Доларот падна против јенот, но останува во близина на две и пол годишниот врв, постигнат во петокот. Инвеститорите претпоставуваат дека оваа година ќе има повеќе монетарни стимули од Јапонија и помалку од Федералните резерви во САД. Иако е сосема нормално доларот да ја има во предвид брзината на растот во …

Повеќе »

Американската економија создала 155 000 нови работни места во декември

Состојбата на американскиот пазар на труд продолжува да се подобрува постепено. Економијата на САД создала 155 000 нови работни места во декември, а невработеноста во земјата останува без промена на ниво од 7,8%. Прелиминарните очекувања на економистите беа малку повисоки, но повеќето основни индустрии сметаа за мала промена во споредба …

Повеќе »

Рубини: Нова финансиска криза ќе има во САД

Договорот за спречување на “фискалната скала”, што беше договорен помеѓу претседателот на САД Барак Обама и Конгресот, наскоро ќе се соочи со следна финансиска криза. Тоа го предвидува познатиот економист Нури Рубини, цитиран од ИТАР-ТАСС. “Кризата ќе се појави по два месеци. Доколку до 1 март не биде пронајден нов …

Повеќе »

Царината лани прибра повеќе средства од планираното

Царинската управа минатата година од приходи што ги собира во буџетот има слеано 48 милијарди денари. Зголемување, како што информира директорот Ванчо Каргов, има и над планираното и во однос на 2011 година. – Заклучно со 31 декември 2012 година наплатени се вкупно 49.963 милиони денари буџетски приходи од увоз, …

Повеќе »

Меркел: Тешка 2013-та, но трпение и храброст

Германскиот канцелар Ангела Меркел ги предупреди своите сонародници дека економската година ќе биде “потешка” во 2013 година отколку во 2012 година, повикувајќи на “трпение” и “храброст”. Ова не треба да нè обесхрабри, туку да нe го стимулира. Кризата се уште е далеку од својот крај”, рече Меркел во својот говор. …

Повеќе »

Цените на мало во декември зголемени за 0.1%, трошоците за живот на исто ниво

Цените на мало во декември се зголемени за 0,1 процент, а трошоците на живот се на исто ниво како во ноември, објави Државниот завод за статистика. Пораст на цените е забележан кај зеленчукот за 1,4 проценти, јајцата за 1,2 проценти, месото за 0,7 проценти и преработките од месо за 0,5 …

Повеќе »