ЕКОНОМИЈА

Ќе има ли потреба од трет спасувачки пакет за Грција?

Еден од членовите на Извршниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) Јорг Асмусен, пристигна вчера во посета на Грција, пренесе “Ројтерс”. Целта на посетата е да се разговара за напредокот на реформите зацртани во вториот пакет за спас на земјата. “Според мене, најверојатно ќе треба уште една спасувачка програма за …

Повеќе »

Невработеноста во Турција е 8,8%

Невработеноста во Турција во мај била 8,8 проценти, соопшти турско-англиското издание “Хуриет дејли њуз”, повикувајќи се на податоци од Турскиот институт за статистика. Во мај 2013 година невработеноста во земјата е намалена во однос на претходниот месец и бројот на невработени бил 2,5 милиони луѓе.

Повеќе »

Странски компании привремено престанаа со работа во Египет

Насилството на улиците во Египет од минатата недела доведе до смртта на стотици, а принуди голем број на меѓународни компании да престанат привремено со производство, пренесува Reuters. Во исто време водечки европски туроператори ги откажаа резервациите за земјата до 15 септември, иако одморалиштата не се погодени од немирите. Сето тоа …

Повеќе »

Силен раст на јапонскиот извоз во јули

Извозот на третата по големина светска економија – Јапонија се зголеми во јули, признавајќи го најсилниот скок на годишна основа од 2010 година.   Податоците даваат поддршка на напорите на премиерот Шинзо Абе, кој се стреми да даде поттик на економско заздравување. Зголемувањето на трошоците за енергија сепак доведоа до …

Повеќе »

Индекси на прометот во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, изнесува 114.9. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јуни 2013, во однос на јуни 2012 година, бележи опаѓање од 6.3%, а прометот остварен на странски пазари …

Повеќе »

Индија воведува мерки за спасување на рупијата

Во обид да се справи со ослабнатата вредност на индиската рупија, централната банка треба да изврши ограничување на сумите кои граѓаните и фирмите ќе можат да ги испраќаат надвор од државата, пренесе BBC. На луѓето кои сакаат да испратат пари надвор од земјата, е наметната горната граница од 75 000 …

Повеќе »

Франција исто така забележува пораст во економијата

Според прелиминарните податоци, економскиот раст на Франција во вториот квартал е 0,5%, пренесуваат светските агенции. Тоа се најдобрите резултати за француската економија од инаугурацијата на претседателот Франсоа Оланд и од 2011 година, особено со оглед на фактот дека предните два квартали економијата на земјата се намалува.

Повеќе »

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.2% на месечно ниво а се повисоки за 2.9% на годишно ниво.

Повеќе »

Индустријата во Европа произведува повеќе

Индустриското производство во еврозоната во јуни е зголемено за 0.7% во однос на мај. Растот во ЕУ е 0.9%, соопштуваат од Еуростат. На годишна основа за Еврозоната порастот е 0,3%, а за ЕУ 0,4%. На месечна основа стоките за долготрајна употреба (на пример техника и мебел) бележат 4.9% раст на …

Повеќе »