ЕКОНОМИЈА

Јанкоски: Народната банка ги едуцира граѓаните како да се заштитат од измами преку сомнителни пораки

Народната банка соопшти дека обезбедува финансиска едукација преку која ги информира граѓаните за ризиците од кибернапади, како што е измамата преку сомнителни пораки (фишинг). Според Банката, брзиот технолошки развој и дигитализацијата, отворањето на ИТ-системите кон надворешни платформи за комуникација, сѐ повисокиот износ на електронски трансакции, наметна потреба од јакнење на …

Повеќе »

ЕБОР со кредит од шест милиони евра за поддршка на планот за развој на КАМ

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпиша кредит во износ од шест милиони евра со малопродажниот ланец на маркети КАМ во Северна Македонија во насока на, како што соопшти денеска ЕБОР, поддршка на зелената експанзија. Со кредитот ќе се финансираат плановите на компанијата за проширување на ланецот на малопродажни …

Повеќе »

Русија ќе забрани извоз на бензини од март до септември

– Русија од 1 март на половина година ќе го забрани извозот на бензини, изјави портпаролката на Александар Новак, вицепремиер задолжен за надзор на енергетскиот сектор во земјата. Со овој потег Москва има намера да ја компензира зголемената побарувачка на домашните потрошувачи и земјоделци и да овозможи планирано сервисирање на …

Повеќе »

Џафери на Инвестициски самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери, денеска ќе учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, што ќе се одржи во седиштето на Банката во Лондон, Велика Британија. Како што соопшти владината прес-служба, Џафери ќе биде придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир …

Повеќе »

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори кои произведуваат електрична енергија што е доволна за просечна потрошувачка на скоро 185 илјади домаќинства, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Во јануари, како што информира РКЕ, издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи …

Повеќе »

ИСОС препорача усогласување на цените на услугите и платите на сметководителите со инфлацијата и растот на останатите плати

СООПШТЕНИЕ – Разгледувајќи ги барањата од членовите и тековните економски движења во земјата и во секторот, управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) донесе одлука да им препорача на сметководствените друштва и самостојните сметководители да ги усогласат цените на услугите што ги даваат кон правните лица, како …

Повеќе »

ММФ и Украина постигнаа начелен договор за исплата на 880 милиони долари

Официјални лица од Меѓународниот монетарен фонд и украинската влада вчера постигнаа договор на ниво на персонал за ажурирани економски политики, отворајќи го патот за ослободување на околу 880 милиони долари штом ќе биде одобрено од извршниот одбор на ММФ, соопшти Фондот.  Договорот дојде по шестдневни состаноци меѓу украинските официјални претставници …

Повеќе »

Просечната плата во декември 39 998 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39 998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16. 4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Растот на платите се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна …

Повеќе »

Стопанственикот Никола Мариноски нов претседател на прилепската Регионална стопанска комора

Никола Мариноски, сопственик на конфекцијата „Кули“ од Прилеп е новиот претседател на прилепската Регионална стопанска комора. На досегашната претседателка Ирена Јакимоска ѝ истече петгодишниот мандат. Потпретседатели се, староновиот Сашо Самарџиоски од Прилепската пиварница и досегашната претседателка Јакимоска. Вака одлучија членките на прилепската Регионална стопанска комора на денешната седница што се …

Повеќе »

Народна банка: Во јануари годишен раст од 10 проценти на вкупните депозити и од 5,7 проценти на вкупните кредити

Вкупните депозити на годишно ниво се зголемени за 10 проценти, а вкупните кредити за 5,7 проценти, соопшти денеска Народната банка. -Вкупните депозити , во јануари, се непроменети на месечна основа. На годишна основа, вкупните депозити се зголемени за 10 проценти, како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со …

Повеќе »