Breaking News

ЕКОНОМИЈА

Влада: Расте довербата на бизнисот во институциите, годинава рекордни 432 апликации на компании за поддршка на инвестиции

Оваа година има рекорден број апликации од компании за државна поддршка за инвестиции, соопшти Владата. Тоa значи, како што наведува, дека расне довербата на бизнисот во институциите. Според Владата, годинава има рекордни 432 апликации за нови инвестициски проекти на исто толку компании. На денешната владина седница беше одобрена првата група …

Повеќе »

Во мај годинава издадени 317 одобренија за градење

Во мај годинава се издадени 317 одобренија за градење,што е за 1,9 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 311 942 000 денари, што е за 23. 4 проценти повеќе …

Повеќе »

Министерот Бектеши во официјална посета на Вашингтон

Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска престојува во тридневна официјална посета на Вашингтон, САД. Во рамки на посетата министерот Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, ќе учествува на Конференцијата организирана од невладина организација „Трансатлантската лидерска мрежа“, посветена на Западен Балкан и ќе се обрати на тема „Енергетска диверзификација: …

Повеќе »

Данокот за солидарност и законите за ДДВ и на добивка утре повторно на владина седница, во Собранието ќе се носат со европско знаменце

Предлог на законот за данокот на солидарност, измените и дополнувањата на законите за данок на додадена вредност и на добивка утре повторно ќе се најдат на владина седница, по што ќе бидат испратени во Собранието со европско знаменце, потврди вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за ТВ 24. …

Повеќе »

Советот за општи работи на ЕУ ја одобри Одлуката за макрофинансиска помош за земјава 

– Со 27 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ на денешното заседание во Брисел ја одобри Одлуката за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина. За …

Повеќе »

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2022 година и неколку предлог-одлуки. Членовите на Комисијата треба да расправаат по Предлог-одлуката за давање согласност на Годишната програма за работатa на …

Повеќе »

Синдикатите и Владата во нов обид да најдат прифатливо решение за платите во јавниот сектор

Синдикатите и Владата денеска повторно ќе се сретнат во обид да најдат заедничко прифатливо решение за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор.  Оптимизам има кај двете страни по последната средба што се одржа во Министерството за финансии. Министерот за финансии Фатмир Бесими во …

Повеќе »

Само двајца инвеститори од зоните реагирале за законот за данок на солидарност, тврди Деспотовски

Директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски не смета дека врз странските инвеститори во зоните негативно ќе се одрази евентуалното донесување на законот за данок на солидарност со европско знаменце. Според него, по разговорите со засегнатите компании минатата година, кога законот беше најавен, реакција имало само …

Повеќе »

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари

На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48. 543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.  Оттаму велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и …

Повеќе »

Се чека Владата да одобри закуп на земјиштето, по што ќе почне инвестицијата за електрични автомобили во Тетово

По 11 месеци разговори, компанијата која планира инвестиција за електрични автомобили во Тетово потпиша договор со три домашни градежни фирми за изградба на објектот. Моментно се чека Владата да даде согласност на договорот за закуп на земјиште, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски. …

Повеќе »