Breaking News

ЕКОНОМИЈА

​​Средба Деспотовски – Лимински: партнерство со додадена вредност

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски оствари средба со Сојузниот министер за европски прашања, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински кој ја предводеше економската делегација од најголемата германска покраина во посета на земјава. Деспотовски на германските бизнисмени им ги презентираше можностите и предностите за инвестиции во земјава …

Повеќе »

„Каква пазарна економија сакаме?“, месечно обраќање на актуелна тема на Стопанската комора

Со обраќање на тема „Каква пазарна економија сакаме?“ на Зоран Јовановски, потпретседател и советник за макроекономски прашања и јавни финансии во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора, денеска Комората почнува со месечни обраќања на актуелна тема. -Целта е да се актуелизираат одредени теми кои што се од интерес за бизнис …

Повеќе »

Заседава Економско социјалниот совет, синдикатите ќе побараат повлекување на законот за плати во јавниот сектор

Во Владата попладнево се одржува седница на Економско-социјалниот совет на која треба да се расправа за Општиот колективен договор за јавен сектор и да започнат првичните разговори за нацрт законот за плати во јавниот сектор, кој за синдикатите е неприфатлив и бараат да биде повлечен. -Општиот колективен договор е предлог …

Повеќе »

Бектеши: Ќе ја завршиме годината со 7,1 отсто инфлација, стигнати сме на 2,1 плата за покривање на миминалната синдикална кошничка

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува годинава да ја завршиме со максимум 7,1 отсто инфлација. Тој денеска на прес-конференција во Владата рече дека веќе бележиме надолен тренд кој се очекува да продолжи и во наредните месеци. -Последните три месеци се намалува инфлацијата. Убеден сум дека ќе ја намалиме на 7,1 …

Повеќе »

Нова седница на Економско-социјалниот совет

Економско-социјалниот совет попладне ќе одржи седница на која се очекува да расправа за Општиот колективен договор за јавен сектор и да започнат првичните разговори за Законот за плати во јавниот сектор. Според синдикатите, Нацрт-законот за систем за плати не е системско решение и со него уште повеќе ќе се искомплицира …

Повеќе »

Започнува Глобалната недела на парите 2023: „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината!”

Финансиските регулатори во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, единаесетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите што оваа година ќе се одржи од 20 до 26 март 2023 година. Годинешнава тема „Планирајте си ги парите, засадете …

Повеќе »

Вицегувернерката Митреска: Идните чекори на монетарната политика условени од инфлацијата и состојбите на девизниот пазар

„Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. Во февруари годишното зголемување на цените е за околу три процентни поени помало од најсилниот раст што беше измерен во октомври и ова темпо на прилагодување е слично на еврозоната. Динамиката со која се движи инфлацијата е слична и со очекуваната во …

Повеќе »

Муртезани му ја предаде функцијата на Рашиди: Го оставам МЕПСО со 22,6 милиони евра добивка

Досегашниот директор на МЕПСО од редовите на Алтернатива, Орхан Муртезани на Фејсбук го објави своето разрешување со информација дека го остава операторот на системот за пренос на електрична енергија со 43 отсто реализирани инвестиции и добивка од 22,6 милиони евра во 2022 година. Тој му ја предаде функцијата на досегашниот …

Повеќе »

Битиќи: Во земјава се подобрува стандардот на живот, но не можеме да очекуваме за еден ден да го постигнеме стандардот на ЕУ

Подобрувањата и сите чекори кои ги преземаме не носат кон крајната цел – европска Македонија, но очекувањата треба да бидат реални. Креираме можности, но не може да се занемари трендот во цела Европа, па и подалеку, дека луѓето бараат подобри услови за живот на други места, истакна денеска вицепремиерот за …

Повеќе »

Народна банка на 23 и 24 март домаќин на годишниот форум на Винеската Иницијатива

Народната банка наредната недела, на 23 и 24 март ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската Иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите, што ќе се одржи во Скопје. Настанот прв пат се организира во Република Северна Македонија, и прв пат во земја која е …

Повеќе »