Breaking News

ЕКОНОМИЈА

МФ: Преземаме мерки за одржување и јакнење на кадровскиот капацитет во јавната администрација

Во услови кога се спроведуваат најзначајните реформи во јавните финансии, што се предуслов за забрзување на економскиот раст, но и дел од нашиот пат кон Европската Унија, неопходно е да ги зајакнеме професионалните, стручни кадри во Министерството за финансии, кое е носечка институција во финансиската сфера. Ние ќе ги преземеме …

Повеќе »

Ангеловска-Бежоска: Ги преземаме сите мерки за осигурување на среднорочната ценовна стабилност

Како централна банка постојано работиме на обезбедување среднорочна ценовна стабилност. Тековното затегнување на монетарната политика има за цел да придонесе за намалување на инфлациските очекувања и стабилизирање на инфлацијата. Како резултат на постепеното намалување на цените на примарните производи, но и на мерките преземени досега, од ноември се забележува постепено …

Повеќе »

Бесими: Се насочуваме кон зголемена транспарентност, отчетност и ефикасност

Во време на кризи и турбулентни времиња може да го забавиме растот, но никако не смееме да го изгубиме правецот. Покрај тоа што мораме да го адресираме на краток рок со антикризните мерки мораме да ги направиме и суштинските реформи во однос на одржливиот раст, порача министерот за финансии Фатмир …

Повеќе »

Ќе се мапира македонската научна и економска дијаспора

Министерот без ресор задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи денеска најави дека ќе се мапира македонската научна и економска дијаспора. Како што објасни, целта е идентификување на бизнис заедницата што живее надвор од земјава, а која ја сочинуваат важни претприемачи, идни потенцијални инвеститори во своите родни краишта, што ќе придонесе за …

Повеќе »

Тасева: Сè уште се наоѓаме многу ниско на Индексот на перцепција на корупцијата, а веќе 20 години зборуваме за системска борба против корупцијата

Република Северна Македонија годинава со 40 индексни поени е рангирана на 85 место од можни 180 на Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2022 година на Транспаренси Интернешнл. Според претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија Слаѓана Тасева, резултатот е загрижувачки и незначително подобрен, бидејќи сè уште се наоѓаме многу …

Повеќе »

Индустриското производство намалено за 0,3 отсто

Индустриското производство во периодот јануари – декември 2022 година во однос на периодот јануари – декември 2021 година е намален за 0,3 отсто, додека во декември 2022 година во споредба со декември 2021 година бележи пад од 1,3 проценти. Според Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударство и …

Повеќе »

Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно поради изгубеното производство

Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно (околу 124 милијарди долари) поради изгубеното производство, проценуваат експертите и додаваат дека британскиот БДП би бил четири отсто поголем доколку Велика Британија останеше во ЕУ. Ефектите од Брегзит опфаќаат сè, од деловни инвестиции до способност на компаниите да ангажираат работници, објави …

Повеќе »

Битиќи: Без структурни и системски промени нема отворање пат за одржлив раст и развој

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска од владината конференција „Година на нови можности” порача дека без структурни и системски промени нема отворање пат за одржлив раст и развој. Битиќи се осврна на мерките и политиките што ги презема Владата во период кога сме исправени, како што истакна, со сериозна …

Повеќе »

Ковачевски: Годинава имаме шанса да ги забрзаме преговорите и да станеме членка на ЕУ до 2030

Дали ќе ги отвориме поглавјата во рамки на преговарачкиот процес е нешто што зависи од нас. Во оваа, 2023 година, ја имаме најголемата шанса досега, да ги забрзаме преговорите и до 2030-та година, објективно и реално, Република Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Ги почнавме преговорите со целосно заштитен …

Повеќе »

Детектор: Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата

Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата, покажува истражувањето на јавното мислење кое за емисијата Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 …

Повеќе »