Breaking News

ЕКОНОМИЈА

ТИРЗ лани со раст на извозот од 26 отсто

Вкупниот обем на извозот на компаниите во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во 2022 година е 3,75 милијарди евра или за 26 отсто повеќе отколку во претходната 2021 година кога растот беше 14 отсто. Првпат во третиот квартал од 2022 година беше надминат прагот од една милијарда евра извоз, а …

Повеќе »

Ангеловска-Бежоска на Форумот на „Еуромани”: Приоритет на централните банки е обезбедување среднорочна ценовна стабилност

Централните банки мора да останат доследни на својата задача и да обезбедат среднорочна ценовна стабилност, а со тоа и макроекономска стабилност. Проекциите на меѓународните финансиски институции се дека во глобални рамки по високиот раст на инфлацијата минатата година, оваа година ќе дојде до постепено забавување, односно глобалната инфлација од околу …

Повеќе »

Во Аргентина рекордна инфлација од 94,8 отсто

Аргентина забележа инфлација од 94,8 отсто, што е највисока во таа земја по 32 години и една од највисоките стапки на инфлација во светот во 2022 година. Сепак, декемвриската стапка од 5,1 отсто покажува релативно забавување во последните месеци. Ценовниот показател за декември објавен синоќа од Националниот институт за статистика …

Повеќе »

Градоначалникот на Лондон вели дека Брегзит не функционира

Градоначалникот на Лондон Садик Кан денеска ќе ја повика британската влада да ја признае „огромната штета“ предизвикана од излегувањето на Велика Британија од Европската унија и да признае дека Брегзит не функционира. – По две години негирање и избегнување, сега мораме да се соочиме со тешката вистина: Брегзит не функционира, …

Повеќе »

Инфлацијата во Србија во 2022 година изнесува 11,9 отсто

Инфлацијата во Србија во 2022 година изнесува 11,9 отсто, објави денеска Српскиот завод за статистика. Како што е наведено, инфлацијата на годишна основа во декември 2022 година изнесувала 15,1 отсто. Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, што ја мерат инфлацијата, во декември 2022 година, во однос на претходниот …

Повеќе »

СБ го корегира на 2,4 проценти растот на македонската економија за 2023 година

Светска банка  во најновиот Извештај за глобалните економски перспективи прогнозира раст на македонската економија од 2,4 проценти годинава, што е за 0,7 процентни поени помалку во однос на објавената проекција во јуни лани. Проекцијата на Владата за економскиот раст на државава за годинава е 2,9 проценти. СБ има надолна ревизија …

Повеќе »

Ангеловска-Бежоска ‒ Рухе: Народната банка и натаму е еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност во земјава

И покрај силните шокови со кои се соочи нашата економија, како и глобалната економија, стабилноста беше зачувана. Централната банка и натаму е еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност во земјава. Ќе се преземат сите потребни чекори и ќе се искористат сите расположливи инструменти, доколку има потреба, за …

Повеќе »

Бектеши: За помалку од една година сите енергетски капацитети се ставени во функција

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека за помалку од една година сите енергетски капацитети се ставени во функција. – Со децении не биле подготвени сите капацитети да произведуваат електрична енергија. За помалку од една година веќе сите капацитети се во функција и ќе бидат ставени во функција на …

Повеќе »

Јовановиќ за МИА: Очекувањата се дека инфлацијата и годинава ќе биде висока

Најновите податоци покажуваат дека цените во декември имаат мало намалување во однос на ноември, од 0,2 отсто, што е позитивно, затоа што е прво намалување по скоро година и половина континуиран раст. Сепак, намалувањето е минимално и се должи на мерката на Владата за субвенционирање на цената на струјата на …

Повеќе »

Џентилони: На ЕУ и се потребни нови мерки за поддршка на компаниите во процецот на енергетска транзиција

На ЕУ и се потребни нови начини за поддршка на компаниите во процесот на енергетска транзиција, како и спротивставување на ефектите од американската државна поддршка на американските конкуренти, изјави денеска европскиот економски комесар Паоло Џентилони. Тој, за финансискиот холандски дневен весник ФД, изјави дека е неопходно да се надминат негативните економски ефекти од војната во Украина, што најмногу се чувствуваат …

Повеќе »