Breaking News

ЕКОНОМИЈА

Почнува Светскиот економски форум во Давос

Денеска почнува 53-от Светски економски форум во Давос, кој ќе трае до 20 јануари, и на кој ќе учествуваат рекорден број бизнисмени, претставници на најголемите светски компании, државни лидери и познати личности. Форумот во познатиот швајцарски зимски центар Давос последен пат се одржа во своето традиционално време, во јануари 2020 …

Повеќе »

Дваесет загинати во руски напад во Дњепропетровск, тврдат украински претставници

Дваесет лица меѓу кои и едно 15-годишно девојче загинаа во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Дњепропетровск, соопштија денеска официјални украински претставници. Во нападот се повредени 73 лица, а 40 се во болница, од кои четворица на интензивна нега, напиша на Телеграм градоначалникот на регионот Дњепропетровск, Валентин Резниченко. Резниченко истакна …

Повеќе »

Бектеши: Над 15 проценти заштеда на електричната енергија кај домаќинствата и малите потрошувачи во последните три месеци

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот фејсбук-профил објави дека заштедата на електрична енергија кај домаќинствата и малите потрошувачи само во декември изнесува 17 проценти, во ноември заштедата изнесувала 18 отсто и во октомври заштедата изнесувала 17 проценти. – Тоа значи дека во последните три месеци домаќинствата и малите …

Повеќе »

Ангеловска-Бежоска: По минатогодишниот раст на дефицитот на тековната сметка, на среден рок се очекува постепено намалување во просек на околу 3 отсто од БДП

Минатата година дефицитот на тековната сметка на платниот биланс, според октомвриските проекции, се проценува на околу 7 проценти од БДП, а на среден рок се очекува постепено намалување на околу 3 проценти од БДП во просек, изјави за „Блумберг“ гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на маргините на Форумот на …

Повеќе »

Средба на министерот Бектеши со грчката амбасадорка Филипиду

Министерот за економија, Крешник Бектеши се сретна со новоименуваната амбасадорка на Грција воСеверна Македонија, Софија Филипиду, на која и посака успех во вршењето на новата должност, заблагодарувајќи се воедно и за досегашната поддршка од Грција во евроинтеграциските процеси на нашата држава. Како што соопшти денеска Министерството за економија, Бектеши и …

Повеќе »

ТИРЗ лани со раст на извозот од 26 отсто

Вкупниот обем на извозот на компаниите во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во 2022 година е 3,75 милијарди евра или за 26 отсто повеќе отколку во претходната 2021 година кога растот беше 14 отсто. Првпат во третиот квартал од 2022 година беше надминат прагот од една милијарда евра извоз, а …

Повеќе »

Ангеловска-Бежоска на Форумот на „Еуромани”: Приоритет на централните банки е обезбедување среднорочна ценовна стабилност

Централните банки мора да останат доследни на својата задача и да обезбедат среднорочна ценовна стабилност, а со тоа и макроекономска стабилност. Проекциите на меѓународните финансиски институции се дека во глобални рамки по високиот раст на инфлацијата минатата година, оваа година ќе дојде до постепено забавување, односно глобалната инфлација од околу …

Повеќе »

Во Аргентина рекордна инфлација од 94,8 отсто

Аргентина забележа инфлација од 94,8 отсто, што е највисока во таа земја по 32 години и една од највисоките стапки на инфлација во светот во 2022 година. Сепак, декемвриската стапка од 5,1 отсто покажува релативно забавување во последните месеци. Ценовниот показател за декември објавен синоќа од Националниот институт за статистика …

Повеќе »

Градоначалникот на Лондон вели дека Брегзит не функционира

Градоначалникот на Лондон Садик Кан денеска ќе ја повика британската влада да ја признае „огромната штета“ предизвикана од излегувањето на Велика Британија од Европската унија и да признае дека Брегзит не функционира. – По две години негирање и избегнување, сега мораме да се соочиме со тешката вистина: Брегзит не функционира, …

Повеќе »

Инфлацијата во Србија во 2022 година изнесува 11,9 отсто

Инфлацијата во Србија во 2022 година изнесува 11,9 отсто, објави денеска Српскиот завод за статистика. Како што е наведено, инфлацијата на годишна основа во декември 2022 година изнесувала 15,1 отсто. Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, што ја мерат инфлацијата, во декември 2022 година, во однос на претходниот …

Повеќе »