ФИНАНСИИ

Биткоинот продолжува да ја губи својата вредност

Биткоинот продолжува да ја губи својата вредност. Криптовалутата поевтини со над 1% во однос на цената вчера, споредбено со периодот од пред две недели, електронските пари се обезвреднија со 23%, или 1100 долари. Притисокот врз е-парите беше изјавата на Џејми Димон, главен извршен директор на најголемата американска банка JPMorgan Chase & Co. …

Повеќе »

Колку ќе изнесуваат цените на билетите за Светското првенство во фудбал 2018 година во Русија

Билетите за натпреварите на претстојниот Мундијал кој ќе се одржи наредната година во Русија ќе чинат од 1280 рубли (19 евра) до 66000 рубли (960 евра). Ова го соопшти Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на својот сајт. Натпреварите на Светското фудбалско првенство ќе можат да ги следат по најниски цени само …

Повеќе »

S&P Global Ratings ја потврди оценката “A” за долгорочен кредитен рејтинг и рејтинг за финансиска стабилност за Групацијата Триглав

На 8 септември 2017 година, S&P Global Ratings ја потврди оценката “A” за долгорочен кредитен рејтинг и рејтинг за финансиска стабилност за Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво Заваровалница Триглав д.д. и нејзината ќерка фирма Позаваровалница Триглав Ре д.д. Двата кредитни рејтинзи имаат стабилна среднорочна прогноза. …

Повеќе »

Ова се физичките и самостојни вршители на дејност кои и должат на државата

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави деветтата листа на должници за оваа година. Долговите се доспеани до 31.05.2017 и неплатени до 31.08.2017 година, а се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Физичките лица и самостојни вршители …

Повеќе »

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2017 година е -1.8%

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2017 година е -1.8%. Во второто тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: А – Земјоделство, шумарство и рибарство од 4.1%; Е, Ж и З – Трговија на големо …

Повеќе »

Милионерот кој живееше со помалку од 500 долари месечно

Смртта на милионерот Клаус Запф минатата недела ја растажи цела Германија. Ексцентричниот бизнисмен кои секогаш располагал со милиони, всушност живеел доста скромно по свој избор, пишува Oddity Central, пренесува изданието профит. Она поради што сонародниците го сакаа најмногу, беше неговата великодушна душа. Тој поголем дел од парите ги донирал, додека …

Повеќе »

За пет дена јавно отворање на понудите за давање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство соопштува дека огласот за прибирање на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари заврши на 05.09.2017 (вторник). Јавното отворање на пристигантите понуди ќе биде на 11.09.2017 (понеделник). Во интерес на транспарентноста, да не се наруши доверливоста на …

Повеќе »

Светска банка ќе биде силен партнер на Македонија во развојниот и реформски процес во наредниот период

Владата на РМ и Светска банка имаат огромно преклопување во погледите како треба да се развива македонската економија во иднина, што е добро – оцени министерот за финансии Драган Тевдовски, по средбата која се одржи во Владата помеѓу регионалната директорка на Светска банка Линда Ван Гелдер и премиерот Зоран Заев …

Повеќе »

Македонија доби нови цени на бензинот и нафтата

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се зголеми за еден денар по литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство за 0,5 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63,00 ден/лит, …

Повеќе »