Breaking News

ЛОКАЛНО

Маричиќ во посета на САД, ќе се сретне со Стефано Санино и со други високи претставници

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања во техничката Влада, Бојан Маричиќ од денеска престојува во дводневна работна посета на Соединетите Американски Држави. Целта на посетата, како што соопшти СЕП, е учество на конференцијата „The European Dream 2024: A Continent at the Crossroads“ на престижниот Harvard Kennedy School во …

Повеќе »

Османи: Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари патни исправи, ќе можат да се вратат со патен лист 

Граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари а се со стари патни исправи, ќе можат да се вратат во државава со патен лист кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва, информира на денешниот брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи. Османи кажа дека нема простор за паника …

Повеќе »

Јавно обвинителство: Негувателка под истрага за запуштање и малтретирање на дете

Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе истрага против негувателка во градинка во Радишани за која има сомнение дека во период од 2022 – 2023 година во детска градинка во Радишани во повеќе наврати извршила психичко и физичко насилство кон тригодишно дете, на кое му се обраќала со погрдни зборови, го …

Повеќе »

Царинска управа: Запленети 185 илјади норвешки круни на Аеродром Скопје

На Аеродромот Скопје царинарниците заплениле 185 илјади норвешки круни кај норвешки државјанин со потекло од Косово, соопшти денеска Царинската управа.  -Запленети се 185 илјади норвешки круни, откако патник на излез од државата на Аеродром Скопје не ги пријавил истите кај царинскиот орган. Патникот, инаку норвешки државјанин со потекло од Косово, …

Повеќе »

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор 

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ, ако не се потпише колективен договор. Ова беше кажано на денешната прес конференција на Синдикатот на УПОЗ.  – Бараме да ни се вратат дополнителните 30 отсто на плата што ни ги укина Уставниот суд. Му даваме рок на министерот …

Повеќе »

Џафери: Целосната институционална координација, за да се обезбеди функционалност и олеснет пристап до новите патни исправи е приоритет

Премиерот на техничката Влада Талат Џафери вели дека не се исклучуваат комуникациите со сите чинители кои можат да го олеснат процесот со издавањето патни исправи со новото име на државата. -Ние прво треба да преземеме мерки и активности кои се во наша надлежност и одговорност. Не се исклучуваат комуникациите со …

Повеќе »

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Во поширокото централно подрачје на Град Скопје денеска и утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот. Како што информира Министерството за внатрешни работи, посебниот режим на сообраќајот е поради најавената официјална посета на делегација предводена од претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. – Апелираме до сите учесници …

Повеќе »

Прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Струмица

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Струмица.  – Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 08. 02. 2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на метар кубен …

Повеќе »

Оснажнување на жените во СТЕМ: Програмата за стипендии на Британскиот совет ги отвора вратите за образование од светска класа

Програмата „Жени во СТЕМ“ на Британскиот совет обезбедува стипендии за талентирани научнички кои сакаат да се стекнат со магистерски квалификации во Обединетото Кралство, преку унапредување на успехот во кариерата на глобално ниво. Оваа година, програмата доделува 25 стипендии во 12 земји, вклучително и Северна Македонија, преку обезбедување на пристап до …

Повеќе »

ЦУК: Во последното деноноќие 45 пожари на отворено, три се уште активни

Во последното деноноќие имало над 40 пожари на шуми и на вегетација на отворено, регистрирани по пријава. Пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територија на цела држава, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од евидентираните 45 пожари на отворено во последното деноноќие, три се …

Повеќе »