ЛОКАЛНО

Променливо облачно и ветровито со ниски утрински температури

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната од 2 до 11 степени. Во Скопје, слично време со умерен до засилен северен ветер. …

Повеќе »

Почнува мандатот на третата техничка Влада пред парламентарните избори на 8 мај

Единаесеттите парламентарни избори во земјава ќе се одржат на 8 мај, а седмите претседателски избори на 24 април. До формирањето на нова влада до крајот на јуни, земјата ќе ја води техничка влада на чело со премиерот Талат Џафери. Оваа преодна Влада вчера беше избрана со 65 гласа „за“ и …

Повеќе »

Земјотрес почувствуван во Штип и околината

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран вечерва во епицентралното подрачје Свети Николе-Штип.  Земјотресот е регистриран во 18:38 часот и е почувствуван во Штип и околината. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 80 километри источно од …

Повеќе »

Евроамбасадорот Гир му го честита изборот на Џафери за премиер на техничката Влада

Евроамбасадорот Дејвид Гир преку платформата Х му го честиташе изборот на Талат Џафери за премиер на техничката Влада.  – Честитки до премиерот Џафери за изборот за премиер. Тежнееме кон поблиска соработка со него и со новата Влада во ова важно време во односите меѓу Северна Македонија и ЕУ, пишува во …

Повеќе »

Муцунски: Несоодветно е партија која нема одговорност, да добие позиција претседател на влада

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски вели дека ВМРО-ДПМНЕ не гласала за техничката Влада затоа што смета дека е несоодветно партија која нема  одговорност кон јавноста и институциите, да добие позиција претседател на влада. –  Ние сметаме дека и законски несоодветно, но и морално и етички несоодветно е претставник од ДУИ, …

Повеќе »

ЦУК: Во последното деноноќие 1.747 повици на 112, десетина пожари на отворено иако е зима

Во последното деноноќие имало вкупно 1. 747 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,5 отсто, а 58,5 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 47,97 отсто од реалните повици, кон Итната медицинска помош 41,33, кон …

Повеќе »

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато. Сите патни правци во државата се проодни, информира ЈП „Македонијапат“. Оттаму нагласуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ …

Повеќе »

ЈП Комунална хигиена: Контејнерите во наша надлежност се редовно и целосно исчистени

СООПШТЕНИЕ: Во врска со неодамнешното Соопштение на градоначалникот на општината Аеродром поврзано со собирањето и транспортот на комуналниот отпад во општината, ЈП Комунална хигиена-Скопје ве информира дека неспособноста на градоначалникот на општина Аеродром е само негова, без разлика колку се обидува да ја префрли на туѓа адреса. . Извор: МИА

Повеќе »

Основна задача на преодната влада е организирање фер и демократски избори

На сто дена пред парламентарните избори на 8 мај Северна Македонија ќе ја добие третата преодна Влада воспоставена со Пржинскиот договор. За премиер на техничката Влада е предложен Талат Џафери, од Демократската унија за интеграција. Владата ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Мандатот на преодната Влада …

Повеќе »

Пленарна седница за избор на техничката влада предводена од Талат Џафери пред парламентарните избори на 8 мај

Собранието денеска ќе ја одржи 141. седница со единствена точка на дневниот ред избор на влада на Република Северна Македонија. Талат Џафери, мандатарот на оваа преодна влада која се формира на сто дена пред изборите за пратеници на 8 мај, вчера ја достави програмата и Предлог-составот на новата влада. Собранието …

Повеќе »