Breaking News

ЛОКАЛНО

Аџигогов: Штрајк во ФЗО ако УО донесе одлука за намалување на платите за 21 процент

–  Доколку Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска на седница донесе одлука за намалување на платите на вработените за 21  процент, тие ќе стапат во штрајк, на шалтерите ќе работи само по едно лице кое ќе прима само документација и ќе нема исплати на капитацијата за матичните …

Повеќе »

МОН: Не сме иницирале покачување на партиципацијата за студирање, износите остануваат исти како и досега

Министерството за образование и наука ги демантира информациите дека на иницијатива на Министерството за Владата ќе се зголеми двојно партиципацијата за студирање на државните високоообразовни установи на сите три циклуси на студии.  – Се работи за невистинита информација и затоа апелираме студентите да бидат спокојни, бидејќи и натаму ќе ги …

Повеќе »

Царинска управа: Спречен обид за шверц и обид за нелегално изнесување на стока во вредност од околу пола милион денари

Царинската управа соопшти дека е спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки на производи во вредност од 273 илјади денари, како и обид за нелегално изнесување на стока вредна 192 илјади денари, откриени при контрола на товарни моторни возила на влез и излез од државата во текот на …

Повеќе »

Џафери за повикот на Алиу да се одблокираат законите за МИОА: Јас не работам под ултиматуми

– Не сум човек, кој работи под ултиматуми, ако некој каже ќе го направам ова, ако постапите вака или онака, изјави на прес-конференција техничкиот премиер Талат Џафери при денешното преземање на функцијата од досегашниот премиер Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања во однос на неодамнешната изјава на министерот за информатичко …

Повеќе »

Ковачевски: На регуларно ниво се разговорите со коалициските партнери, до овој момент не постои финален договор

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски информираше дека разговорите со коалициските партнери во однос на претстојните избори се одвиваат на регуларно ниво, но до овој момент не постои финален договор. Тој посочи дека се одвиваат разговори чија цел е правење на коалиција меѓу политичките партии кои делат исти вредности и визија за …

Повеќе »

Општина Карпош доби детална студија за зеленилото на својата територија

На барање на Секторот за екологија и енергетска ефикасност од Општина Карпош, тимот професори од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, изработи Студија за урбаната дендрофлора во рамки на оваа локална самоуправа. – Истражувањето кое го спроведоа професорите Бојан Симовски, Иван Минчев и асистентот Владимир Стојановски е изведено …

Повеќе »

Прекинат прагот на алармирање во Кичево

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е прекинат прагот на алармирање во Кичево, со што престануваат да важат заштитните мерки и препораки поради алармантно загадување воведени пред една недела. -Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 26. 01. 2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под …

Повеќе »

Водостоите на поголем дел од реките во земјава пониски од јануарскиот просек

Водостоите на поголем дел од реките во земјава се пониски од просекот за јануари. Повисоки водостои од јануарскиот просек денеска се измерени само кај реките Црн Дрим, Пчиња и Радика. Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското Езеро водостојот е во …

Повеќе »

ЦУК: Вкупно 1.627 повици на 112 во последното деноноќие

Во последното деноноќие имало вкупно 1. 627 повици на Единствениот број за итни случаи 112, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).  Од нив „реални“ повици биле 39,40 отсто, а 60,60 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 48,56 отсто, кон Итната …

Повеќе »

ЦУК: Десетина пожари на отворено во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во државава се уште има пожари на вегетација на отворено. Десетина пожари имало во последното деноноќие. Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје од 14:30 до 16:20 часот, со тројца пожарникари и едно возило гаснеле запалено стрниште на површина од 5. 000 квадратни …

Повеќе »