ЛОКАЛНО

На Табановце и Богородица се чека од 30 до 45 минути

На граничните премини Табановце и Богородица утринава за излез од земјава се чека од 30 до 45 минути, соопштува Авто мото сојузот на Македонија.  На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/Фото: МИА архива   . Извор: МИА

Повеќе »

Мицкоски: Со добри дела и силна волја да ја вратиме надежда за посветла иднина

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до сите православни верници по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици. – Како народ денес сме соочени со мрачни и тешки премрежија кои ги рушат нашите традиционални вредности кои низ вековите не одржале. Но, тука се и човечките слабости на корупција и криминал, кои …

Повеќе »

Пендаровски: Богојавление – Водици да ни даде сила и добра мисла за да се соочиме со искушенијата што ни претстојат и да работиме на просперитетот на…

Претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат празникот и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан. – И годинава на големиот празник повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. На …

Повеќе »

Џафери: Мудро, зрело и одговорно да ги надминеме предизвиците за да обезбедиме напредок и благосостојба за граѓаните

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до припадниците на православна вероисповед по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.  – Нека водата која дава живот, која храни и негува, расте и развива, протече лесно и брзо. Нека биде бистра и моќна. Нека биде силата која ќе не обедини како граѓани, како …

Повеќе »

Охрид подготвен за најмасовната верска манифестација во земјата, празнувањето на Богојавленскиот водосвет

– Во Охрид денеска ќе се одржува најмасовната верска манифестација – традиционалното положување на Чесниот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро по повод православниот празник Богојавление – Водици. Чинот на осветувањето на езерските води и положувањето на Чесниот крст ќе биде во 10 часот кај Градското пристаниште. На …

Повеќе »

Релативно топло, викендот постудено со снег

Во дел од котлините наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку ден, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе …

Повеќе »

Православните верници го слават Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. И годинава ќе продолжи …

Повеќе »

Земјоделските култури во фаза на зимско мирување, засега ги издржуваат негативните температури

Негативните минимални температури што изминатите денови ја зафатија државата, беа во границите на издржливост на земјоделските култури. Според агрометеоролзоите, зимските форми на жита ги поднесуваат овие температури, а овошките се наоѓат во фаза на длабоко зимско мирување, каде животните функции (дишење, транспирација) се сведени на минимум, но не се прекинати. …

Повеќе »

Костадиновска Стојчевска: Секоја афирмација на македонскиот јазик надвор од границите е за поздравување

– Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска го поздрави отвoрањето на лекторат по македонски јазик, литература и култура во Тирана со изјава дека секоја афирмација на македонскиот јазик надвор од границите, како што рече, е за поздравување. Во изјава за медиуми пред трибината во Сојузот на борците, министерката сподели …

Повеќе »