ЛОКАЛНО

Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патните правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патните правци Скопје – Куманово, Скопје – Велес, Велес – Неготино, Неготино – Демир Капија и Делчево – Македонска Каменица. Од АМСМ соопштија дека …

Повеќе »

Истече рокот до кој „Архиродон“ требаше да одлучи дали ќе ја гради ПАХЕ „Чебрен“

– Истече рокот до кој грчката компанија „Архиродон“ требаше да донесе одлука дали ќе ја продолжи постапката за изградба на реверзибилната хидроцентрала ПАХЕ „Чебрен“ или не. ППЦ-Архиродон на 14 септември 2023 година беше избран за најповолен понудувач на 14. тендер за изградба на реверзибилната хидроцентрала. Подоцна имаше забелешки на јавниот …

Повеќе »

Градоначалникот Костадинов на првороденото бебе му врачи штедна книшка со 40 илјади денари

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска го посети првороденото бебе во Струмица и неговата мајка Љубинка Терзиева, која вчера во 01:10 часот на свет донесе машко бебе и им врачи пригодни подароци и штедна книшка со 40 илјади денари. – Кога новороденчето е здраво и живо, кога мајката е бескрајно …

Повеќе »

Јовановска: Бебето со повреда на раката е во добра состојба, се работи за лесна пареза

Директорката на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, Викторија Јовановска попладнево во изјава за медиуми рече дека бебето, кое се здоби со повреда на раката при породување, е во добра состојба и дека се работи за лесна пареза која најчесто се повлекува до 48 часа.  Јовановска денеска се сретнала со семејството на …

Повеќе »

Деа Стојковска е првороденото бебе во Штип, си доби 500 евра

Деа Стојковска од Македонска Каменица е првото родено бебе во новата година на Одделението за гинекологија и акушерство при Клиничка болница во Штип. Нејзината 29-годишна мајка Глорија Стојковска на свет ја донесе на 1 јануари во 17:55 часот. При денешната посета од страна на директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеорѓијев …

Повеќе »

Се слушна долгоочекуваниот екот од новата камбанарија на манастирот „Света Марена“ во Туминец, Мала Преспа

Пред еден од најголемите христијански празници, Рождеството Христово-Божик, се слушна екот од новата камбанарија во манастирот „Света Марена“ кај Туминец, Мала Преспа, која му недостигаше на овој божји храм. -По долго исчекување нашиот познат манастир доби најсовремена камбанарија. Тоа благодарение на помошта на Македонците од Мала Преспа и од цела …

Повеќе »

Намалена видливост поради магла на Страцин

Намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има на Страцин, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.  Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои, како што велат од ЈП „Македонија пат“, …

Повеќе »

Наскоро ќе почне со работа Џевахир мол во Аеродром со најголемиот мурал во Скопје

Најголемиот импресивен мурал во Скопје е на најновиот шопинг мол што наскоро ќе се отвори во општина Аеродром. На 4000 метри квадратни импресивниот мурал ќе биде секојдневна атракција за жителите на Скопје по отворањето на Џевахир Мол Скопје во првата половина на 2024 година, со што целосно ќе се заврши …

Повеќе »

Среќна Нова 2024 посака македонски весник „Илинден“

Новата 2024 година, која зачекоривме на своите почитувани читатели и сите граѓани им ја честита редакцијата на македонскиот весник „Илинден“, со желби за „добро здравје, радост, благосотојба и успеси“. Во исто време искажува благодарност за нивната доверба кон овој печатен медиум на македонски јазик во Албанија. -Почитувани, Ви благодариме на …

Повеќе »

Пресудата од Управниот суд за разрешувањето на Дамева пристигна во Судски совет, ќе биде разгледана утре

– Во Судскиот совет пристигна пресудата од Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева, информираат од Советот. Оттаму велат дека таа ќе биде разгледана утре на работен состанок, а по неа треба да се постапи во рок од 30 дена и …

Повеќе »