Breaking News

ЛОКАЛНО

Спасовски на средба со раководствата на СВР Куманово и Тетово и Регионалниот центар Север

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР ќе оствари работна средба со раководствата на секторите за внатрешни работи Куманово, Тетово и Регионалниот центар Север. Работната средба ќе се одржи во просториите на СВР Куманово. ев/мд/ . Извор: МИА

Повеќе »

Продолжува амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2024 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2024 година.  За Предлог-буџетот поднесени се вкупно 272 амандмани од овластени предлагачи, од кои 250 се од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. По завршување на амандманската расправа, Предлог-буџетот треба да се најде на усвојување на …

Повеќе »

Нацрт патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација пред матичните собраниски тела

Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања денеска во Собранието ќе одржат заедничка седница.  На дневен ред е Разгледување на Нацрт Патоказ за владеење на правото и Нацрт Патоказ за реформа на јавната администрација. ев/мд/ . Извор: МИА

Повеќе »

Завршна трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ на тема енергетика

Завршната осма трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ ќе се одржи вечер во Куманово. Темата на трибината е членството во ЕУ од аспект на енергетиката.  Најавено се обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции …

Повеќе »

Две седници на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ќе одржи две седници.  Членовите на Комисијата ќе имаат средба со слушателите со чин потполковник/полковник на Сениорскиот курс на НАТО Одбранбениот колеџ во Рим, Република Италија. Потоа на 55. седница на Комисијата, пратениците треба да ја разгледаат Информацијата за потребата на доделување на …

Повеќе »

Трибина „Безбедност и спорт“ на Факултетот за безбедност во Скопје

Факултетот за безбедност – Скопје денеска со почеток во 13:30 часот ќе одржи Трибина на тема „Безбедност и спорт“ во големиот амфитеатар на факултетот. Oбраќање на трибината ќе има деканот на Факултет за безбедност, Никола Дујовски и професорката Марина Малиш Саздовска. Потоа ќе се одржат повеќе дискусии со спортисти и …

Повеќе »

Презентација на нова апаратура за генетско испитување во МАНУ

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири ќе присуствуваат на презентација на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ.  Како што соопштија од Владата, на настанот ќе се промовираат резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот на …

Повеќе »

Променливо облачно со слаб јужен ветер

Времето денеска претпладне во западните делови ќе биде променливо облачно, а по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност, а во ноќните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. …

Повеќе »

ИО на СДСМ: Ковачевски овластен да разговара со партиите за техничка влада, Митрески кандидат за претседател на Собранието

Извршниот одбор на СДСМ вечерва со акламација го избрал Јован Митрески за кандидат за претседател на Собранието, а претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски добил овластување за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка влада. Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски ќе биде шеф на Централниот …

Повеќе »

ДОМ организираше онлајн дебата на тема „Пристап кон жртви на родово базирано и семејно насилство, проценка и третман“

По повод 10ти декември – Меѓународен ден на човековите права, Форумот на жени на ДОМ организираше онлајн дебата на тема „Пристап кон жртви на родово базирано и семејно насилство, проценка и третман“. Презентацијата ја направи м-р Радојка Дракуловска – Наумовска. . Извор: МИА

Повеќе »