Breaking News

ЛОКАЛНО

Извршена маркација на планинарска патека до Бошавските камени кукли

Извршена е маркација на планинарската патека до Бошавските камени кукли. Неколкумина планинари го одбележаа патот што води до атрактивните природни убавини во подножјето на Кожуф планина, во некогашната општина Конопиште, сега дел од кавадаречка територија.  Претседателот на месната заедница Горна Бошава, Дарко Најдов, утрово потврди за МИА дека во текот …

Повеќе »

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран

Во Берово утрово е најстудено – еден степен, а најтопло е во Дојран, 12 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до 7:30 часот два степени се измерени во Лазарополе, три во Битола, четири во Струмица, Тетово и во Маврови Анови, пет во Скопје – Петровец и во …

Повеќе »

Конференција „Разбивање стереотипи, разоткривање невистини и трасирање на патот за родова еднаквост“

Во Скопје денеска ќе се одржи завршна конференција на Мрежата за заштита од дискриминација, насловена „Разбивање стереотипи, разоткривање невистини и трасирање на патот за родова еднаквост“. Како што најавија од организацијата, конференцијата е посветена на потребите од унапредување на родовата еднаквост во време на намалена политичка волја и антиродови кампањи …

Повеќе »

Tренинг за подигање на свеста за родовата еднаквост во медиумите

Во просториите на МладиХаб во Скопје денеска ќе се одржи еднодневен тренинг на новинарите за подигање на свеста за родовата еднаквост во медиумите, известувањето и улогата на родовосензитивно известување. Обуката ја води Мрежата Стела. -Со надеж дека овој пристап ќе им помогне на новинар(к)ите да станат посвесни за значењето на …

Повеќе »

Демократски сојуз: Да почнат преговорите за влез во ЕУ без условувања

Во пресрет на денешната посета на Урсула Фон Дер Лајен, Демократскиот сојуз очекува претставници на Владата и претседателот на државата, да инсистираат Македонија да ги почне преговорите со ЕУ без какви било условувања и барања кои не се дел од Копенхашките критериуми. Македонија од 2006 година направи повеќе непринципиелни отстапки, …

Повеќе »

Шекеринска: Жените подобро се справуваат со предизвиците, треба да бидат погласни и да разговараат за феминистичките прашања

Жените, мирот и безбедноста се многу поврзани со реалниот живот. Жените многу подобро се справуваат со предизвиците, тие треба да бидат погласни, но и да разговараат за феминистичките прашања, потенцираше вчера потпретседателката на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска на панел дискусијата „Влијанието на анти-родовото движење на агендата на …

Повеќе »

ЦУК: Изгаснати шест пожари на отворен простор, најголема површина изгорела во Општина Богданци

Во текот на вчерашниот ден активни биле шест пожари на отворен простор и сите се изгаснати. Гореле сува трева и ниска вегетација, шума, отпадоци и слично, а најголема површина изгорела во Општина Богданци, каде што пожарникарите гаснеле два пожара, кај селото Стојаково и кај село Ѓавато, информираат од Центарот за …

Повеќе »

Средба Лога-Рејндерс: Нашето членство во Европската Унија дополнително ќе придонесе и кон зајакнување на довербата во правосудниот систем

Во рамките на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан што се одржа во Скопје, министерот за правда, Кренар Лога оствари средба со еврокомесарот Дидиер Рејндерс. Еврокомесарот Рејндерс, се вели во соопштението од МП, ги поздравил досегашните реформски активности и Република Северна Македонија да се приклучи во европското семејство и да …

Повеќе »

Запознавање со цивилната заштита низ игра, настан на ДЗС во Градскиот парк во Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска во Градскиот парк во Скопје организира настан за запознавање на учениците со цивилната заштита под мотото „Соочи се со предизвиците низ игра“.  Учениците од училишта на Град Скопје ќе бидат дел од настанот на кој предвидено е преку тематски игри и показни вежби …

Повеќе »

Сончево со мала локална облачност, наредните денови ќе продолжи топлото време

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени. Како што најавија од УХМР, во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална …

Повеќе »