Breaking News

ЛОКАЛНО

Седници на две собраниски комисии

 Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.  Единствена точка на дневен ред на двете комисии е Предлогот за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво, преку овластениот предлагач Љупчо Палевски. мд/бак/Фото: МИА архива  . Извор: МИА

Повеќе »

Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Собраниската Анкетна комисија за случувањата на Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска треба да продолжи со работа со разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во оваа клиника.  Членовите на Комисијата, пред неколку дена ги почнаа предвидените 30 дена за разгледување на документацијата и на последната седницата ја анализираа …

Повеќе »

Облачно и ветровито, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен. Како што соопшти УХМР, поради спуштање …

Повеќе »

Пунктовите за лични документи во Скопје на 29 и 30 ноември со полно работно време

Закажаните термини на 29 и 30 ноември за фотографирање и  замена на лични документи во Скопје ќе бидат реализирани. Министерството за внатрешни работи информира дека пунктовите за издавање лични документи тие денови ќе работат со полно работно време. МВР ги известува граѓаните откако Владата завчера на седница донесе одлука поради …

Повеќе »

Петровска: Сите отворени прашања на Балканот потенцијално претставуваат можност за дестабилизација на регионот

Сите отворени прашања на Балканот потенцијално претставуваат ранлива можност за влијание преку кое може да се изврши дестабилизација на регионот, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната прес-конференција на министрите од земјите-членки на САД-Јадранската повелба. Според министерката Петровска, токму ваквиот тип на иницијативи и не само оваа, туку повеќето …

Повеќе »

Османи: Екстрадицијата на Груевски е прашање за судските органи, на ниту една држава не е во интерес премиер да биде во егзил

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска посочи дека екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски е прашање за судските органи, но останува на ставот дека поранешниот премиер треба да биде во Северна Македонија и тука да се соочи со правдата, затоа што не е во интерес на ниту една држава …

Повеќе »

МТСП: Четврток неработен ден, а среда скратено работно време за државната и јавната администрација во Скопје

Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември (четврток) се определува за неработен ден. Истиот нема да се одработува, известува Министерството за труд и социјална политика, врз основа на заклучоците …

Повеќе »

Спасовски: Осумдесет отсто од граѓаните во внатрешноста ги заменија личните документи

Сакам навистина да им се заблагодарам на граѓаните и да им оддадам признание на сите од внатрешноста на државата заради тоа што веќе надминавме 80 проценти од замената на личните документи. Издадена е наредба до помошникот министер во сите градови надвор од Скопје веќе да се работи без закажување, изјави …

Повеќе »

Спасовски во СВР Струмица: Зголемена откривачката ефикасност на вкупен криминалитет и расветлувањето на тешки кражби

Откривачката ефикасност во делот на вкупниот криминалитет на подрачјето на СВР Струмица во првите 10 месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи зголемување за 21 отсто, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по остварените средби со граѓаните во СВР Струмица, како дел на концептот „МВР …

Повеќе »

Светскиот ден на филозофијата се одбележува со симпозиум „Адам Смит: 300 години од раѓањето“

– Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија денеска по 20-ти пат го одбележаа Светскиот ден на филозофијата,  востановен  од УНЕСКО, кој низ светот се слави во третиот четврток од ноември за да се вреднуваат придобивките на филозофијата.  Настанот го отвори деканот на Филозофскиот …

Повеќе »