Breaking News

ЛОКАЛНО

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 проценти

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска во Прифатниот центар Винојуг во Гевгелија присуствуваше на Координативниот состанок во организација на раководството на Регионалниот центар „Југ“ со претставници од сите релевантни државни институции, меѓународни организации и невладини организации присутни чинители во Привремениот транзитен центар како дел од националната компонента …

Повеќе »

Кабинет на претседател: Пендаровски е актуелен претседател и за него важат посебни прописи за заштита на личноста вклучително и користење посебни служ…

Претседателот Стево Пендаровски е актуелен претседател на државата и за него важат посебни прописи за заштита на личноста односно постојано физичко обезбедување вклучително и користење на посебни службени возила со кои се обезбедува физичка заштита. Ова го одговорија од Кабинетот на претседателот, откако дел од медиумите вчера објавија дека актуелниот …

Повеќе »

ЦУК: Седум пожари на отворено и апел за одржување и чистење на локалните канали за одводнување

Седум пожари на отворено се регистрирани во земјава во последното деноноќие. Два пожара биле во Скопје, а по еден во Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Македонски Брод, Старо Нагоричане и во Велес, соопшти ЦУК. Локалните поројни дождови во последното деноноќие предизвикаа локални излевања на одредени реки и канали. Регионалниот ЦУК Тетово, …

Повеќе »

Ескобар ќе разговара за изборите во Северна Македонија со ОБСЕ/ОДИХР

Специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар патува во Австрија, каде што ќе се сретне со канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за изборите во Северна Македонија и Србија, соопшти Стет департментот. Освен во Австрија, Ескобар оди и во Белгија, Косово и Црна Гора од 10 до …

Повеќе »

Реакција на НВО: Партиите по скратена постапка го блокираа учеството на независни кандидати на сите наредни избори

СООПШТЕНИЕ – Поднесени од пратениците на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ и со премолчана поддршка од сите останати, измените го зголемуваат прагот на потребните потписи за учество на изборите, од досегашните 1. 000 потписи, на 1% отсто од запишаните избирачи. . Извор: МИА

Повеќе »

Невакцинирани деца со ДТП од денеска нема да се примаат во градинките

Од денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе почне со вонредни инспекциски надзори и издавање решенија за забрана на прием на деца во градинките кои не се целосно имунизирани со вакцината ДТП против голема кашлица. Ова во петокот го најавија од ДСЗИ откако ја добиле одлуката од министерот за …

Повеќе »

Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење

Министерството за внатрешни работи од денеска почнува со нов начин на издавање лични карти за жителите на Скопје. – Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го …

Повеќе »

Осумдесет и една година од холокаустот на македонските Евреи

Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година од Скопје, Битола и Штип се депортирани во логорот Треблинка. Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред …

Повеќе »

Бојмацалиев во работна посета на општина Гевгелија

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска е во работна посета на општина Гевгелија. Бојмацалиев ќе има обраќање во прифатниот центар во Винојуг, ќе оствари средба со раководството на ОВР Гевгелија и со градоначалникот на Богданци Блаже Шапов. По средбите предвидена е изјава за медиуми од Бојмацалиев пред објектот на …

Повеќе »