Breaking News

МАРКЕТИНГ

Во Кочани се одржа Меморијалниот меѓуопштински шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“

Шаховскиот клуб „Кочани“ денеска беше организатор и домаќин на вториот Меморијален меѓуопштински турнир „Тодор Милосиев – Тошо“, на кој учествуваа 25 шахисти од општините Кочани, Свети Николе, Македонска Каменица и Чешиново – Облешево. Турнирот се одржува во спомен на долгогодишниот тренер и претседател на клубот, кој е една од шаховските …

Повеќе »

SkyShowtime го потврдува датумот на излегување на очекуваната криминалистичка трилер серија „A Town Called Malice”  

SkyShowtime денеска го потврди датумот на излегување на сосема новата криминалистичка трилер серија “A Town Called Malice”. Оваа бучна и весела драмска серија ќе почне да се емитува на SkyShowtime во петок, 12 мај, три епизоди ќе бидат достапни од самиот почеток, а нови епизоди од вкупно 8 ќе бидат достапни за стримување еднаш неделно.  Во клубовите на плажа и меѓу палмите на Коста дел Сол на почетокот на 80-тите, “A Town Called Malice” ги следи Лордови, криминалистичко семејство на ситни крадци од Јужен Лондон откако ќе пребегаат од Лондон во Шпанија за да си ја пробаат среќата – но и за да избегаат од вниманието на полицијата која истражува едно високопрофитабилно убиство. Со Џек Рован, Џејсон Флеминг, Марта Плимптон и Тахира Шариф, експлозивниот трилер со семејна сага во осум дела е во копродукција на Vertigo Films, Rogue State и Sky Studios.  Семејството Лорд го предводи Џејсон Флеминг („Save Me”, „Lock, Stock and Two Smoking Barrels”) во улогата на Алберт Лорд, Џек Рован („Born to Kill”) во улогата на Џин Лорд, Тахира Шараф („The Haunting of Bly Manor”) во улогата на Синди Картер, девојката на Џин, и Марта Плимптон („Mass”, „The Good Wife”) во улогата на Минт Ма, на кои ќе им се придружат членовите на поширокото семејство Дагреј Скот („Ever After”, „Mission: Impossible 2″) во улогата на Чичко Тони, Лекс Шрапнел („Captain America”) во улогата на Леонард Лорд, Даниел Шарман („Fear the Walking Dead”, „Medici”) во улогата на Кели Лорд, Џорџ Жак („The Third Day: Autumn”) …

Повеќе »

Се бараше карта повеќе за годинешното 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Годинешното 6.по ред издание на Џез фактори фестивалот, се одржа од 13-ти до 15-ти април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар Битола. Целта за одржување на ЏФФ. е да понуди нови културни настани и да го збогати културниот живот во Битола, придонесувајќи …

Повеќе »

Тужби против мрежата Тик Ток во САД, бидејќи нејзиниот алгоритам ги наведува децата на самоубиство

Кинеската социјална мрежа Tик Ток се соочува со бран тужби во САД, бидејќи нејзиниот алгоритам, според обвинителите, ги наведува децата и ранливите луѓе да извршат самоубиство. Во рамките на персонализираниот извор, Тик Ток им препорачува на корисниците содржини кои говорат за депресија, безнадежност, смрт и други мрачни теми, пренесува Блумберг. …

Повеќе »

УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ги повикуваат децата и младите да се вклучат во кампања за борба против онлајн насилството и говорот на омраза

Скопје, 20 април 2023: УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија објавуваат нов отворен повик до децата и младите да се вклучат во комуникациски иницијативи за справување со онлајн насилството и говорот на омраза на интернет. Повикот со наслов: „Заедно за интернет без омраза” е дел од долгогодишното партнерство помеѓу УНИЦЕФ …

Повеќе »

Wine and Music Sessions во Аудиокултура

Вчеравечер во Аудиокултура се реализираше уште еден настан од заедничкиот концепт на Аудиокултура и Винарија Камник наречен “Wine and Music Sessions”. Под мотото “Музиката соединува, виното инспирира” оваа втора сесија беше продолжение на замислата, преку неколку различни настани, да се долови суштинската врска помеѓу музичката и винската култура. Вчерашното автентично …

Повеќе »

СО SPARKASSE LIFE „ПРВ ДО ВРВ“

Sparkasse LIFE ПРВ ДО ВРВ – најмасовниот спортско-рекреативен планински настан во регионот, годинава ќе се одржи на 21 мај, во организација на здружението за спорт и рекреација „ПРВ ДО ВРВ“ од Скопје и Шпаркасе Банка како главен спонзор на настанот. Шпаркасе Банка, преку платформата Sparkasse LIFE, интензивно се фокусира на …

Повеќе »

Истражување: Медиумската писменост, клучна алатка против дезинформациите

Граѓаните кои се медиумски писмени се повеќе свесни за постоењето дезинформации, можат активно да учествуваат во процесот на следење вести и подобро знаат и умеат да ги препознаваат дезинформациите и да се справат со нив. На овој начин, тие стануваат граѓани кои, освен што се помалку ранливи во однос на …

Повеќе »

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол” до врвни резултати на европските авто-трки

Македонскиот автомобилски шампион Игор Стефановски-Иџе и „Макпетрол” ја продолжија долгогодишната соработка со цел достигнување уште подобри резултати во европските натпреварувања. Стефановски викендов во Франција беше меѓу 190 пријавени учесници на првата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки. Тој триумфира на првата трка, а се пласира на третата позиција во …

Повеќе »

Културно-уметничкото друштво ,,Јане Сандански” од Пехчево одбележа 75 години постоење

Со традиционалниот Велигденски концерт, синоќа во Пехчево беа одбележани 75 години постоење на Културно-уметничкото друштво „Јане Сандански“. Пред преполната сала во Домот на култура на концертот учествуваа над 100 играорци од Пехчево, како и гости од Делчево. -Континуирано во последните години, за време на велигденските празници, Домот на културата организира …

Повеќе »