Breaking News

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Бизнис настан за поврзување на домашни компании добавувачи со компании купувачи во организација на АХК

Бизнис настан SUBEX – Suppliers Balkan Expo денеска и утре ќе се одржи во Скопје во Скопје во организација на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (АХК), дел од мрежата на германските стопански комори во странство. Цел на овој бизнис настан е поврзување на домашните компании добавувачи од металната, …

Повеќе »

Министерот Бектеши панелист на годинешниот FMCG SUMMIT, Скопје повторно центар на европската бизнис елита

    Министерот за економија Крешник Бектеши ќе биде еден од панелистите на 9. FMCG SUMMIT во организација на магазинот InStore и Кликер маркетинг. Тој ќе биде дел од панел дискусијата со релевантни претставници од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка, кој ќе се одржи на 26 октомври …

Повеќе »

Атлантик Група: Силен раст на продажбата во сите области и на сите пазари

Трошоците на работењето се исклучително високи, но одличните продажни резултати овозможија раст на профитабилноста  Атлантик Група во првите девет месеци од 2023 година забележува приход од продажба во износ од 721,6 милиони евра, што во однос на истиот период од минатата година претставува раст од 15,5%. Добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) порасна за 3,5% во однос на истиот период од минатата година и изнесува 73,1 милиони евра, додека нето добивката порасна за 1,7% и изнесува 36,5 милиони евра. „Во сѐуште нестабилното и предизвикувачко опкружување, Атлантик Група оствари голем раст на продажбата во сите сегменти, како и на сите важни пазари. Со раст посебно се истакна сегментот Слатко и солено, па пијалоците, кои покрај вредносно, остварија и значаен количински раст на продажбата, а важно за истакнување е …

Повеќе »

Делегација на романската Амбасада во посета на АЛКАЛОИД

Делегација на романската Амбасада во Скопје, предводена од Aмбасадорката Н.Е. Адела Моника Аксинте, оствари работна посета на АЛКАЛОИД АД Скопје. Во своето воведно обраќање од официјалниот дел на средбата, Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, ги претстави компанијата, нејзината основна дејност, производствените капацитети и програма, постигнатите резултати …

Повеќе »

АНАЛИЗА: Увоз на работна сила, што се случува во регионот а што во Македонија?

Годишно Хрватска издава и по 120 000 работни дозволи за странци. Државите од регионот со стратегија и план не само за увоз туку и за интеграција на работници од странство, пишува Порталб.мк. Што прави Македонија во ситуација кога голем број на сектори алармираат дека има дефицит на работници и дека може да биде …

Повеќе »

Бронза за Трајковски од „Макпетрол“ на Светските боречки игри

Витомир Трајковски, каратист на „Макпетрол“, се пласира на третата позиција на Светските боречки игри кои што од 18 до 22 октомври се одржуваат во главниот град на Саудиска Арабија. Трајковски, заедно со Стефан Стојановиќ, исто така, член на скопскиот клуб, се единствените македонски спортисти што учествуваа на овој глобален собир …

Повеќе »

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВТОРА ЕМИСИЈА НА ГРАЃАНСКИ ОБВРЗНИЦИ

Шпаркасе Банка АД Скопје во својство на овластен директен учесник на аукциите на граѓански обврзници организирани од Министерството за финансии на Република Северна Македонија ги застапува физичките лица (државјани на РСМ) во процесот на издавање на граѓанските обврзници. Република Северна Македонија на 18.10.2023 г. објави проспект за издавање  граѓански обврзници …

Повеќе »

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 105,63 евра за мегават час, на МЕМО 112,05 евра за мегават час

  Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 20 октомври просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,63 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 112,05 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – …

Повеќе »

Втората граѓанска обврзница достапна во експозитурите на НЛБ Банка

Втората граѓанска обврзница што ја издаде Министерството за финансии е достапна во сите експозитури на НЛБ Банка низ земјава. Проспектот за втората емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари е веќе објавен,  а граѓаните можат да аплицираат за овој финансиски инструмент до 6 ноември до крајот на работниот ден, …

Повеќе »

Општина Аеродром се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Осумте основни училишта во Општина Аеродром ќе бидат дел од општествено одговорната и едукативна кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“. Учениците, но и родителите, ќе добијат едукативен материјал преку којшто ќе можат подобро да се запознаат со проблемот со булингот и неговите различни форми, а во секое од …

Повеќе »