ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Fujitsu го објави првиот во светот лаптоп, кој ги препознава вените на дланка

Јапонскиот производител Fujitsu го објави првиот лаптоп во светот со технологија за препознавање на вените на дланка. Моделот Celsius H730 е со вградена технологија PalmSecure која ја скенира шемата на вените на дланка, уникатна за секој човек, и при препознавање овозможува пристап на корисникот до компјутерот.

Повеќе »

McDonald’s се разделува со Heinz поради Burger King

Пред неколку недели, двете компании ги прекинаа бизнис односите, поради фактот што Heinz го имаат вработено поранешниот шеф на Burger King како свој извршен директор. Тоа значи дека сите ресторани на McDonald’s во целиот свет престануваат да го нудат овој кечап на клиентите.

Повеќе »

Saab го обновува производството на автомобили во Шведска

Шведската автомобилска компанија Saab објави дека има намера да го обнови сериското производство на автомобили, јавува “Би -Би-Си”. Saab објави банкрот во 2011 година и минатата година беше купена од кинеско-шведската инвестициска група National Electric Vehicle Sweden ( NEVS ).

Повеќе »

Португалија ја продолжи работната недела

Уставниот суд на Португалија го одобри продолжувањето на работната недела во државниот сектор со пет часа до 40 часа, поддржувајќи ги напорите на владата за буџетските заштеди, пренесе Reuters. Мерката беше усвоена од Владата во текот на летото, како спасувачка меѓународна програма за намалување на трошоците.

Повеќе »

ПАКОМАК распишува конкурс Trash for аrt – за уметничко дело од амбалажен отпад

Најкреативното уметничко дело ќе добие парична награда од 50 000 денари Компанијата ПАКОМАК, со цел да даде еден поинаков поглед на амбалажата во секојдневниот живот и да ги инспирира граѓаните да создадат интересни уметнички творби од амбалажен отпад, распишува награден конкурс „Trash for аrt“. Готовите уметнички дела треба да бидат …

Повеќе »

Благој Ѓорев ја прославува 90-годишнината од своето постоење

Успешна македонска бизнис приказна Оваа година Благој Ѓорев го одбележува својот јубилеен 90-ти роденден. Оваа македонска компанија е најстар капацитет за производство на масло за јадење во Р.Македонија, додека на Балканот влегува во составот на трите најголеми индустриски капацитети за производство на масло за јадење.

Повеќе »

Victoria’s Secret ја продава долната облека на се повеќе млади жени

Пред десет години луксузната марка за долна облека Victoria’s Secret ги продавала своите производи главно на жени на возраст меѓу 20 и 30 години. Денес брендот привлекува помлади девојки нудејќи долна облека што изгледа добро наместо секси, пишува Bloomberg News.

Повеќе »

Карлос Слим ја пренесува империја на своите наследници

Мексиканскиот милијардер Карлос Слим одлучи да ја пренесе својата бизнис империја на своите наследници, пишува Forbes. Во изминатиот месец значителен дел од акциите на компанијата Grupo Financiero Inbursa ( GFInbursa ), која тој ја поседува, биле пренесени кај две од неговите ќерки.

Повеќе »