ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Над 1.000 долари за акција на Google

Рекордното ниво од над 1.000 долари за акција за првпат го достигна гигантот Google по објавувањето на финансиските резултати за третиот квартал. Само за еден ден нивната цена скокнала за 13%, и за акција се тргуваше за 1007.40 долари, објавија CNBC.

Повеќе »

Samsung гради истражувачки центар со Калифорнија

Најголемиот производител на Smartphones во светот – “Самсунг Електроникс”, ја започна изградбата во Калифорнија на нов центар за истражување и развој, соопшти претставник на технолошкиот гигант. Отворањето на центарот во Маунтин Вју е закажано за декември следната година. Неговата супер-современа опрема и кампус ќе дозволат да се спроведува иновативен развој …

Повеќе »

Argos пушта компактен таблет со пониска цена

Британскиот трговец Argos пласира на пазарот евтини таблети. Уредот, наречен MyTablet е со компактен 7 -инчен екран со резолуција од 1024х600 пиксели. Уредот ветува до 5 часа време за гледање на видео пренесе TechNews.

Повеќе »

IKEA со 3% раст на продажбата до 28 милијарди евра

Најголемиот синџир продавници во светот за трговија на мало со мебел – шведската IKEA, успеа да ја зголеми продажбата за 3,1 % до 27.9 милијарди евра за фискалната 2012/2013 година, пренесе Reuters. Во изминатата фискална година едни од најсериозните растови се пазарите во Русија и Кина, а значаен напредок е …

Повеќе »

Ангела Арендс го напушта Burberry и се приклучува на Apple

Извршниот директор на Burberry Ангела Арендс ќе ја напушти компанијата за луксузни стоки во 2014, за да се приклучи на технолошкиот гигант Apple. Арендс е со Burberry повеќе од 10 години. Новата позиција на Ангела Арендс е постар потпретседател задолжен за трговија и онлајн продавници. Таа ќе поднесува извештај директно на извршниот …

Повеќе »

“Лукоил” се насочува кон азискиот пазар

Рускиот нафтен гигант ОАО “Лукоил” ќе бара кинески партнери, за да го прошири бизнисот во Источна Азија. Оваа недела извршниот директор на компанијата Вагит Алекперов има средби со претставници на кинеската државна нафтена компанија, со кои ќе се дискутираат можните области на соработка.

Повеќе »

Пакомак донираше контејнери и камион за собирање отпад на општина Тетово

Cо цел систематско решавање на управувањето со отпадот во Тетово, компанијата Пакомак денес ѝ даде како донација на општина Тетово еден камион за чистење и собирање отпад и 20 контејнери за селективно собирање пластика и лименки. По тој повод, г-дин Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак, денес во просториите на …

Повеќе »

Продажбата на автомобили во светот забележа 4,5 % раст

Продажбата на автомобили во септември забележа 4,5 % раст на глобално ниво. Тоа го покажува анализата на LMC Automotive, пренесе Ројтерс. Податоците велат дека продадени се 82,3 милиони автомобили до крајот на септември. Од LMC Automotive предвидоа дека бројот на продадени автомобили до крајот на тековната година ќе достигне 83,5 милиони, …

Повеќе »

Alitalia има потреба од 500 милиони евра за да преживее

На италијанскиот национален авиопревозник Alitalia потребно е обезбедување на дополнителни финансиски ресурси од близу 500 милиони евра, изјавија синдикални раководители во Alitalia, пренесе Bloomberg. Мерките вклучуваат зголемување на капиталот со 300 милиони евра, што е три пати повеќе од износот што превозникот го побара претходно оваа година.

Повеќе »