ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Airbus ќе развива авион кој наликува на летечка чинија (Фото)

Airbus планира да патентира модел на авион кој наликува на летечка чинија, соопшти „Financial Times”. Концептот на новиот авион не личи на традиционалните летала туку потсетува на илустрација кон научнофантастичен роман. Според пронаоѓачите, моделот на иднината е лишен од недостатоци поврзани со оптоварувањето на предните и задните делови на лагер. …

Повеќе »

Samsung го крати производството на паметни телефони со 30%

Водечката компанија за мобилни уреди во светот Samsung планира во 2015 година да го намали производството на паметни телефони со 30%, објавија Wall Street Journal. Мерката е дел од аспирациите на гигантот за намалување на трошоците. За време на презентацијата во Њујорк шефот на одделот „Односи со инвеститори” Роберт Иј …

Повеќе »

Потврдено лидерството на Coca-Cola HBC во заштитата на животната средина

Системот на Coca-Cola HBC, каде припаѓа и Пивара Скопје, е награден со А рејтинг од страна на CDP (Carbon Disclosure Project), со што се вброи меѓу корпорациите кои ја сочинуваат листата на глобални лидери во заштитата на животната средина и намалување на влијанието од климатските промени. CDP e непрофитна организација …

Повеќе »

Неверојатното стана можно: Веќе се произведува дизел од воздух и вода

Револуционерен метод за производство на дизел претстави автомобилскиот гигант Audi. Горивото може да се прави од воздух и вода. Уредот за тоа што работи засега е во експериментален режим, а беше прикажан во фабриката на Audi во Дрезден. Партнер во проектот е компанијата Climeworks. Најопшто кажано, дизелот се произведува со …

Повеќе »

Њујорк вечер ќе го постави најголемиот дигитален билборд во светот

Најголемиот и најскапиот дигитален билборд во светот ќе биде откриен вечер на „Тајмс скуер” во Њујорк, пренесоа американските медиуми. Билбордот е лоциран на пресекот на Седмата авенија и „Бродвеј” на местото познато како „лак”. Должината му е колку фудбалско игралиште, а висината е 2,5 метри. Според информациите на „Њујорк тајмс” при …

Повеќе »

Зошто Шпанија оваа година привлече 7,7 милијарди евра инвестиции

Над половина од странските инвестиции во Шпанија се од офшорки. 55 отсто од странските инвестиции, секоја година во Шпанија, доаѓаат од офшор компании. Ова го соопшти Министерството за финансии на земјата. Со помош на нулта даноци и други привилегии, во Шпанија влегле 7,7 милијарди евра во 2012 година и 8 …

Повеќе »

Мајкрософт вложува над 400 милиони во Реал Мадрид

Американската компјутерска компанија Мајкрософт вечер ќе потпише договор со Реал Мадрид. Ова ќе се случи во една од салите на стадионот „Сантијаго Бернабеу”. На настанот ќе присуствуваат претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и претставникот на Мајкрософт, Орландо Ајала. Условите на договорот сеуште не се објавени јавно.

Повеќе »

Ни претстои чоколадна криза

Кошмарни вести за љубителите на чоколадото. Два од најголемите производители (Mars и Barry Callebaut) предупредија дека светот се соочува со чоколадна криза. Причината е дека производството на какао не може да ги задоволи потребите на компаниите за слатки производи. Веќе постои „чоколаден дефицит”, кој продолжува да се продлабочува, соопшти The …

Повеќе »

Facebook пушта канцелариски чет систем

Facebook развива нов вид на услуга за внатрешнофирмена комуникација со која ќе ги нападне позициите на конкурентите LinkedIn и Google, пренесува Financial Times. Компанијата работи тајно врз софтверот кој ќе им овозможи на корисниците да разговараат со своите колеги, да се поврзуваат со контакти и да соработуваат на документи, гласат …

Повеќе »