СТИЛ

Промоција на учебникот „Основи на безбедност – концепциски безбедносни пристапи” и дебата за актуелните безбедносни предизвици на државата

Професорот Марјан Ѓуровски денеска во Скопје ќе го промовира универзитетскиот учебник „Основи на безбедност – Концепциски безбедносни пристапи”, а воедно ќе се одржи и дебата за актуелните безбедносни предизвици и ризици на Северна Македонија и регионот – концепциски безбедносни пристапи. Поздравни обраќања ќе имаат официјалениот претставник на Фондација „Конрад Аденауер” …

Повеќе »

Конференција за образование „Врската меѓу добросостојбата на децата и нивните постигнувања“

Дводневната конференција посветена на темата „Врската меѓу добросостојбата на децата и нивните постигнувања”, ќе се одржи денеска и утре во Скопје, како заедничка иницијатива на Владата на Република Северна Македонија, Британската амбасада во Скопје и УНИЦЕФ. На отворањето на конференцијата, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, …

Повеќе »

Минусни температури во поголем дел од земјава, најстудено на Попова Шапка

Најстудено со десет степени под нулата утрово е на Попова Шапка. Минусни температури во 7.30 часот се измерени во Маврови Анови (-7), Kрушево (-6), Берово (-3), Крива Паланка, Охрид, Претор, Битола и Прилеп (-2) и Дебар (-1).

Повеќе »

Марш за женски права – Сиромаштијата има женско лице

Под слоганот „Сиромаштијата има женско лице” денеска во Скопје по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март ќе се одржи шестиот Марш за женски права. – На овој марш, заеднички ќе упатиме порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаат …

Повеќе »

Облачно и студено време, температурите под просекот

Облачно и студено време ќе преовладува денеска во земјава. Ќе има локални врнежи претежно од снег и ќе дува умерен, долж Повардарието, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе се движи од 1 до 6 степени. Во Скопје, слично време …

Повеќе »

Бронзен медал за Андреас Трајковски на Балканијадата во Истанбул!

Скопје 07.03.2022– На 27-та Балканијада, која викендов се оддржа во Истанбул, нашиот репрезентативец Андреас Трајковски на своето деби за македонската репрезентација го освои бронзениот медал во дисциплината скок во далечина. Уште пред почетокот на Балканијадата, тој изјави дека ќе се обиде да постигне што подобар резултат и со освоениот медал …

Повеќе »

Македонските уметници може да учествуваат во изработка на мурал за иднината на Европа

Младите уметници, на возраст од 18 до 35 години, од целиот регион на Западен Балкан, вклучително и од Македонија, може да се пријават за учество во проектот „Нацртај ми ја иднината на Европа” (Paint Me the Future of Europe). Со оваа иницијатива ќе се изработи мурал во Нови Сад, годинашната …

Повеќе »

Укината забраната за камиони на патот Маврово-Дебар

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар, соопшти утринава Авто мото сојузот на Македонија. Забраната е укината од 06:45 часот. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено по претежно влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашест снег на коловозот и …

Повеќе »

НА УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ВОЗИ ОСМОМАРТОВСКО ЖЕНСКО РЕЛИ

По повод 8ми март, Светскиот ден на жената, дамите и годинава ќе можат да возат ревијално женско рели, во организација на Автомобилистичката федерација на Северна Македонија (АФСМ) и клубовите членки на АФСМ. Во недела на 6 март, со почеток во 9 часот, на паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, учесничките …

Повеќе »