Breaking News

СВЕТ

Египет го убеди Хамас да не ги прекинува преговорите по нападот во болницата Шифа

Египетските власти го убедија Хамас да не ги прекинува заложничките преговори во замена за примирје, откако Израел изврши нов напад врз болницата Шифа во Газа, објавија катарските медиуми. Неименуван египетски извор кој знаел за ова прашање изјавил за катарските медиуми дека официјални лица интервенирале во понеделникот наутро за да обезбедат …

Повеќе »

Во американската база Рамштајн состанок на Украинската одбранбена контакт група

Министерот за одбранана САД, Лојд Остин претседава со денешниот состанок на сојузниците на Украина, што се одржува во американската воена база Рамштајн во Германија. Месечниот состанок на Украинската одбранбена контакт група (УДЦГ), познат и како Рамштајн формат, кој го сочинуваат околу 50 земји кои ја поддржуваат Украина, се одржува во …

Повеќе »

Во Подгорица средба на Милатовиќ и Спајиќ со Ескобар

– Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ вчера во Подгорица се сретна со заменик помошникот на американскиот државен секретар и специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар, јавија денеска црногорските медиуми. На средбите биле потврдени одличните односи помеѓу двете земји и беше истакната силната поддршка од САД за реформските процеси …

Повеќе »

Адвокати: Трамп не може да плати гаранција од 464 милиони долари во случајот за граѓанска измама во Њујорк

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп не може да најде осигурителна компанија која ќе ги гарантира 464 милиони долари што судот му наложи да ги плати во случајот за граѓанска измама во Њујорк, соопштија неговите адвокати. Адвокатите на Доналд Трамп велат дека обезбедувањето кауција од таа големина е „практично невозможно“. Трамп …

Повеќе »

Трамп не успеа да го оспори сведочењето на адвокатот и актерката во филмови за возрасни

– Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп не успеа да го оспори сведочењето на Мајкл Коен и Сторми Даниелс на претстојното судење по обвинението дека неговиот поранешен адвокат и платил на актерката во филмови за возрасни да молчи за нивната средба. Поранешниот адвокат на Трамп, Коен пред изборите во 2016 …

Повеќе »

Кембриџ доби 20 милиони фунти од компании за фосилни горива

Британскиот универзитет Кембриџ денеска објави дека, по кампањата на студентите и академиците, усвоил мораториум за нови донации за компаниите за фосилни горива. Одлуката следи по препораките во минатогодишниот извештај на поранешниот претставник на ОН за климатски промени Најџел Топинг. Кембриџ рече дека суспензијата е усвоена во петокот „со оглед на …

Повеќе »

Американската армија уништи дронови и проектили на Хутите во Јемен

– Американската армија вчера изврши напади врз беспилотни летала, проектили и контејнери за складирање оружје во областите на Јемен под контрола на Хутите. Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека „успешно ангажирала и уништила седум противбродски проектили, три беспилотни летала и три контејнери за складирање оружје во областите во Јемен контролирани …

Повеќе »

Кинески милијардер во САД призна дека давал нелегални политички донации

Кинескиот милијардер Хуи Чин се изјасни за виновен за незаконско канализирање на пари за политички донации на функционер од Њујорк и конгресмен во Претставничкиот дом на САД, што е кршење на изборниот закон на Соединетите држави. Филмскиот магнат призна дека регрутирал и плаќал луѓе за да даваат политички донации за …

Повеќе »

Во Катар официјално започнаа преговорите за размена на заробеници меѓу Тел Авив и Хамас

Со пристигнувањето на израелската делегација во Катар, официјално почнаа преговорите за постигнување договор за размена на заробеници меѓу Тел Авив и Хамас. Според весникот „Једиот Ахронот“, преговорите за размена на заробеници меѓу милитантното движење Хамас и Тел Авив официјално започнаа со пристигнувањето на израелска делегација, предводена од шефот на Мосад, …

Повеќе »

Банка на Јапонија ги укина негативните каматни стапки

– Банка на Јапонија (БОЈ) денеска, по осум години, ги укинува негативните каматни стапки. Иако тоа ќе биде прво зголемување на каматните стапки во изминатите 17 години, истите ќе се држат близу нула бидејќи кревкото економското закрепнување ја принудува централната банка да го забави понатамошното зголемување на трошоците за задолжување. …

Повеќе »