Breaking News

СВЕТ

Кандидат на АфД победи за градоначалник во источна Германија

Член на Алтернатива за Германија (АфД) победи на изборите за градоначалник на еден мал град на истокот на земјата, предавајќи и уште една победа на екстремно десничарската партија. Ролф Вајганд освои 59,4 отсто од гласовите вчера, лесно победувајќи ги другите двајца кандидати во Гросширма, град западно од Дрезден. Вајганд е …

Повеќе »

Пелеши на отворањето на НАТО база во Албанија: Сè може да се очекува од источниот фронт, мора да бидеме подготвени

– На свеченоста на отворањето на воздухопловната база во Кучово, албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши истата ја оцени како привилегија и знак на доверба кон Албанија, но исто така и „богатство за целиот регион“. Најави дека беспилотните летала „Бајрактар“ во соработка со Република Турција се подготвени за опслужување во …

Повеќе »

Де Кро: Белгија во последните месеци протера десетици руски шпиони

Во последните месеци, Белгија протера десетици руски „дипломати“ прогласени за виновни за шпионажа, објави белгискиот премиер Александар де Кро. На хартија тие се „дипломати“, но знаеме дека се занимаваат со шпионажа, истакна тој во интервју за локалните медиуми. -Во неколку наврати, Белгија претрпе кибер напади, особено кога искажуваше став против …

Повеќе »

Долгот на САД достигна неверојатна вредност – 34,4 билиони долари

Долгот на Соединетите Американски Држави (САД) достигна неверојатна вредност од 34,4 билиона долари, а од јуни минатата година е регистрирано забрзано темпо на задолжување, соопшти Министерството за финансии. Последниот долг од „два билиона“ (две илјади милијарди) е регистриран за само 200 дена – билион за приближно 100 дена, според новообјавените …

Повеќе »

Железничкиот мост во руската област Самара оштетен од експлозивна направа

Железничкиот мост во руската област Самара е оштетен од експлозивна направа, објави прес-службата на железницата „Куибишев“. Направата, поставена на мостот на реката Чапаевка, експлодирала околу 5 часот по локално време. Според првичните податоци, во експлозијата била оштетена оградата и потпорите на објектот во близина на брегот. Движењето на возовите по …

Повеќе »

Рама: Се отвора воздухопловната база на НАТО во Кучово, по првпат ќе полетаат беспилотните летала „Бајрактар“ 

Во  албанскиот град Кучово денеска ќе биде отворена воздухопловна база на НАТО. Премиерот  на Албанија Еди Рама, со објава на својата официјална страница на „Фејсбук“ сподели видео од моментот на склопување на беспилотните летала „Бајрактар“ кои, како што вели, ќе го направат првиот лет на церемонијата на отворање на воздухопловната база. …

Повеќе »

Претставен предлог законот за финансирање на владата на САД

Преговарачите во американскиот Конгрес објавија предлог-закон за финансирање на владата до крајот на фискалната година што започна во октомври, бидејќи пратениците се соочуваат со уште една закана за делумно затворање доколку не донесат одлука до петок. „Нацрт-законот претставува ниво на дискреционо трошење од 1,66 трилиони долари за фискалната 2024 година“, …

Повеќе »

Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаити прогласи 72-часовна вонредна состојба и воведе полициски час, а владата најави дека ќе започне потрага по убијци, киднапери и други насилни криминалци за кои верува дека избегале од затвор откако бандите ги ослободиле речиси сите машки затвореници, јави утрово Би-Би-Си. Вооружени банди упаднаа во затвор во главниот град на …

Повеќе »

Самитот АСЕАН-Австралија ќе ја осуди „заканата или употребата на сила“ во регионот

Лидерите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и Австралија, кои се среќаваат во Мелбурн, имаат намера да ја осудат „заканата или употребата на сила“ за решавање на споровите во регионот, јавуваат странските агенции, истакнувајќи дека тоа е индиректно повикување на Пекинг. „Ние се стремиме кон регион каде што …

Повеќе »

Нетанјаху: Израел нема да капитулира пред нереалните барања на Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно го повика Хамас да направи отстапки пред натамошните преговори за нов прекин на огнот и враќање на заложниците кои се држат во Газа, јави ДПА. „Вложуваме големи напори за да успееме, но едно нешто ви е јасно – нема да капитулираме пред нереалните барања на …

Повеќе »