Breaking News

СВЕТ

„Волстрит џурнал“: Ники Хејли денеска ја прекинува кампањата за претседателската номинација

Поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли денеска ќе ја прекине кампањата за претседателската номинација на Републиканската партија, пишува „Волстрит Џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори. Хејли планира накратко да им обрати на новинарите во Чарлстон, Јужна Каролина, околу 10 часот по локално време, каде што ќе ја соопшти одлуката, …

Повеќе »

Нова студија во САД покажува дека довербата во компаниите за вештачка интелигенција паднала на 35 отсто

Во САД довербата во компаниите кои се занимаваат со вештачка интелигенција (АИ) паднала на 35 отсто во период од пет години, според најновите податоци на консултантската компанија Еделман. Оваа американска фирма за односи со јавноста наведува дека довербата во компаниите со вештачка интелигенција опаднала и на глобално ниво за осум …

Повеќе »

Во Србија стапи во сила Правилникот за регистрација на тротинети, од 15 јуни задолжителна налепница

Сопствениците на електрични тротинети во Србија имаат време од 5 април до 15 јуни да ја завршат регистрацијата, по што започнува контролата, изјави Мирко Коковиќ од Агенцијата за безбедност во сообраќајот. РТС потсетува дека стапи во сила регулативата за регистрација на лесни електрични возила – скутери. Со правилникот се уредува …

Повеќе »

Куба исклучи голем дел од јавното осветлување поради влошената енергетска криза

Куба исклучи речиси три четвртини од јавното осветлување за време на шпицот за да се бори против зголемениот недостиг на енергија и растечката економска криза, објавија денеска државните медиуми. Министерот за енергетика и рударство на Куба, Висенте де ла О Леви, рече дека мерката е една од многуте, која вклучува …

Повеќе »

Арктикот во наредните години во лето би можел да има денови „без мраз“

Арктикот би можел да ги доживее првите летни денови „без мраз“ во следните неколку години, објавија научниците, а пренесува германската новинска агенција ДПА. Арктичкиот мраз се топи во текот на летните месеци, намалувајќи ја површината на замрзнатиот океан, а потоа повторно се зголемува во текот на зимските месеци. Но, ледената …

Повеќе »

Шеф на руска индустрија: Т-14 „Армата“ е прескап тенк за да се користи во Украина

Шефот на рускиот одбранбен конгломерат „Ростек“, Сергеј Чемезов, потврди дека најмодерниот руски тенк Т-14 „Армата“ не се користи во војната во Украина. Чемезов ја припиша одлуката на огромните трошоци на тенкот, што укажува дека војската наместо тоа се одлучува за поекономични тенкови Т-90. Тој ја истакна огромната цена на „Армата“ …

Повеќе »

Елитни британски специјалци под истрага за можни воени злосторства во Сирија

Петмина припадници на специјалната единица на британската армија (САС) се под истрага за можни воени злосторства извршени во Сирија пред неколку години, јавува Би-Би-Си. Засега нема уапсени, но истрага води Одделот за тешки криминали на Министерството за одбрана. Голем број специјални сили на Обединетото Кралство беа распоредени во Сирија во …

Повеќе »

Вежбата „Нордиски одговор“ влезе во нова фаза

Припадниците на поморските и копнените сили на Шведска и Финска учествуваа во вежбите на НАТО како дел од „Нордискиот одговор“, а сето тоа е дел од најголемата воена вежба по Студената војна „Steadfast Defender“. Според соопштението на НАТО, шведски и фински маринци започнале амфибиски операции од воен брод на американската …

Повеќе »

Абас во Анкара: Газа е составен дел од палестинската територија

Газа е составен дел на палестинската територија и невозможно е на кој било начин да се прифатат плановите на државата окупатор, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас на заедничката прес-конференција одржана по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, пренесува Aнадолија. Тој изрази благодарност до Турција за континуираната поддршка …

Повеќе »

Русија: Три лица исчезнати, 18 повредени во експлозија во електрана

Три лица се сметаат за исчезнати, а 18 се повредени во експлозија во котларата на електраната и топланата Шагонар во оддалечениот регион Тува во Русија, соопшти денеска регионалниот шеф Владислав Ховалиг. „Шест лица се во тешка здравствена состојба“, напиша Ховалиг на апликацијата за пораки Телеграм. Пожарот кој избувна во зградата …

Повеќе »