Breaking News

СВЕТ

Најмалку 43 лица загинаа во пожар во трговски центар во Бангладеш

Најмалку 43 лица загинаа во пожар што избувна во шесткатен трговски центар во Дака, Бангладеш. Министерката за здравство, Саманта Лал Сен рече дека пожарот избувнал доцна синоќа во ресторан во трговскиот центар Грин Кози Котиџ и брзо се проширил на другите катови. До утрово, најмалку 43 лица починаа, а 22 …

Повеќе »

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград отворен за сообраќај, дојавите за бомби биле лажни

Белградскиот аеродром „Никола Тесла“, синоќа, од 22,30 часот, повторно е отворен за авиосообраќај, соопштија службите на аеродромот. Радио телевизија на Србија (РТС) објави дека извештаите за бомби биле лажни. Околу 19 часот и 15 минути на белградскиот аеродром пристигнала дојава за поставена бомба, по што била извршена контрадиверзантска проверка, а …

Повеќе »

ЕК предложи измени на Буџетот на ЕУ за 2024 година, 501 милион евра наменети за Западниот Балкан

Согласно усвоената ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) за периодот 2021-2027 година, Европската комисија предложи измени на Буџетот на ЕУ за 2024 година, со кои за Планот за раст за Западниот Балкан се предвидуваат 501 милион евра.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, изменетиот Буџет, кој е зголемен …

Повеќе »

САД ги оценуваат ризиците по националната безбедност од примената на кинески технологии во автомобилите

Претседателот на САД Џо Бајден објави дека неговата администрација врши проценка на ризиците по националната безбедност поврзани со користењето на кинески технологии во автомобилите. Тие технологии можат да бидат применети за собирање доверливи податоци, истакна тој во денешното соопштение. Претседателот му порача на Министерството за трговија да спроведе истражување со …

Повеќе »

Нетанјаху: Расте притисокот да се запре војната, но јас ќе му се спротивставам

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека расте притисокот да се запре војната во Газа, но нагласи дека ќе му се спротивстави. Тој на прес-конференцијата рече дека офанзивата во Појасот Газа ќе продолжи до „целосна победа“, пишува „Тајмс оф Израел“. Тој додаде дека покрај конфликтот во Кан Јунис, ИДФ ќе …

Повеќе »

Затворен аеродромот „Никола Тесла“, пилотот на „Ер Монтенегро“ добил дојава за бомба

Црногорската авиокомпанија „Ер Монтенегро“ вечерва соопшти дека сообраќајот на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е прекинат поради дојава за бомба во авион на „Ер Монтенегро“. „Дојвата за бомба се случила во моментот кога авионот бил на земја. Авионот го проверуваат безбедносните служби на Република Србија, а патниците и екипажот ќе …

Повеќе »

Вашингтон бара одговори од Израел поради загинатите луѓе во текот на дистрибуцијата на помош во Газа

САД денеска побараа од Израел да даде „одговори“ по смртта на повеќе од 110 луѓе, според палестински Хамас, за време на дистрибуцијата на помош во Газа, што се претвори во хаос. „Од утрово сме во контакт со израелската Влада и разбираме дека истрагата е во тек. Внимателно ја следиме таа …

Повеќе »

Замбија ја прогласи сушата за национална катастрофа

Претседателот на Замбија, Хакаинде Хичилема денеска ја прогласи сушата што ја погоди земјата за национална катастрофа, велејќи дека го уништила производството на храна и производството на електрична енергија. Како и другите соседни земји, Замбија е погодена од голема суша бидејќи временскиот модел на Ел Нињо ги влошува тешките временски услови …

Повеќе »

Шпанија повикува на свикување меѓународна мировна конференција за израелско-палестинскиот конфликт

Постојаниот претставник на Шпанија во Обединетите нации во Женева, Аурора Дијаз-Рато Ревуелте денеска повика на свикување меѓународна мировна конференција за израелско-палестинскиот конфликт без натамошно одложување. Таа ја упати поканата за време на говорот на Интерактивниот дијалог за состојбата на човековите права на окупираната палестинска територија на 55-тата седница на Советот …

Повеќе »

Цукерберг со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол разговарал за соработка во областа на вештачката интелигенција

Шефот на Мета, Марк Цукерберг денеска се сретна во Сеул со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, со кого разговараше за соработката на полето на вештачката интелигенција и начините за спречување на циркулацијата на лажни вести во пресрет на клучните избори, соопшти канцеларијата на Јун. Цукерберг е на мини-турнеја низ Азија, …

Повеќе »