Breaking News

СВЕТ

Израелската армија го бомбардираше секторот Рафа, според Хамас во Газа ноќеска загинале најмалку 110 цивили

Израелската армија денеска го бомбардираше секторот Рафа, јужно од Појасот Газа, а властите на Хамас објавија дека во ноќните израелски напади загинале најмалку 110 лица. Очевидци изјавија дека рано утринава имало напади во областа Рафа, каде што се проценува дека сега има околу 1,3 милиони Палестинци. Министерството за здравство во …

Повеќе »

Мета ги избриша профилите на Инстаграм и Фејсбук на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи

 Американската компанија „Мета платформи“ги отстрани профилите на Инстаграм и Фејсбук на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, по критиките за неговата поддршка за Хамас. Мета, како што пренесува Ал Џезира, не наведе конкретна причина за потегот, но рече дека налозите се отстранети поради „повторено кршење на нашите правила за опасни …

Повеќе »

Шолц за интервјуто на Карлсон со Путин: Претседателот на Русија раскажа апсурдна приказна

Германскиот канцелар Олаф Шолц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека во голема мера погрешно ја претставил ситуацијата во Украина, велејќи дека лидерот на Кремљ раскажал „апсурдна приказна“ за избувнувањето на конфликтот за време на интервјуто со Такер Карлсон. За време на вчерашната посета на Вашингтон, Шолц се осврна на …

Повеќе »

Две лица загинаа откако се урна мал авион во САД

Мал млазен авион се урна на автопат во американската сојузна држава Флорида и се запали, при што загинаа две од пет лица во него. Темниот чад од млазниот авион Bombardier Challenger 600, кој се урна на јужната лента на автопатот I-75 во југозападна Флорида, се издигна неколку десетици метри и …

Повеќе »

Хамас: Преговорите за прекин на огнот одржани во Каиро беа позитивни и добри

Официјален претставник на Хамас изјави дека разговорите за прекин на огнот одржани во Египет биле „позитивни и добри“, пренесува Ал Џезира. Преговорите за нов прекин на огнот во Газа и размена на заробеници водени се со египетски и катарски посредници. „Делегацијата го напушти Каиро синоќа и го чека одговорот на …

Повеќе »

Руски напад со дронови на Харков: Убиени седум лица, меѓу кои три деца

Најмалку седум лица, од кои три деца, загинаа во пожарот што избувна како последица на синоќешниот руски напад врз Харков, соопштија украинските власти. „За жал, бројот на загинати во нападите на Харков се зголеми на седум. Меѓу нив има три деца на возраст од седум, четири години и шест месеци“, …

Повеќе »

Столтенберг: НАТО не сака војна со Русија, но да се подготвиме за можен повеќедецениски конфликт

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика Европејците да го зајакнат производството на оружје за да ги зголемат испораките за Украина и да ги надополнат сопствените резерви. – Треба побрзо да ја обновиме и развиеме нашата индустриска база за да ги зголемиме испораките за Украина и да ги надополниме …

Повеќе »

Нов напад на ИДФ во Рафа, погодени станбени згради – загинаа најмалку 15 цивили

Најмалку 15 цивили загинаа, а десетици се повредени во ноќен напад на израелската армија врз станбени згради во Рафа, јави дописникот на Ал Џезира. Од друга страна, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека интензивните борби меѓу војниците и оперативците на Хамас продолжуваат во Кан Јунис, како и во централниот и …

Повеќе »

Во кантонот Сараево е прогласена епидемија на морбили

Во кантонот Сараево во Босна и Херцеговина е прогласена епидемија на заразна болест морбили, објавено е во Службен весник на Федерацијата Босна и Херцеговина. Во документот се наведени мерките што ќе се преземат за сузбивање на епидемијата. Според соопштението, за време на траењето на епидемијата ќе се спроведуваат мерките предвидени …

Повеќе »

Дамаск: Сириската противвоздушна одбрана собори израелски ракети во близина на главниот град

Сириската противвоздушна одбрана собори израелски ракети истрелани врз село во близина на главниот град Дамаск, соопшти сириската армија, наведувајќи дека тоа е втор ракетен напад за помалку од 24 часа. Во соопштението се наведува дека ракетните напади биле извршени од правец на Голанската висорамнина, при што е причинета мала материјална …

Повеќе »