Breaking News

СВЕТ

Пјонгјанг извршил симулација на нуклеарен контранапад

– Северна Кореја денеска соопшти дека извела симулација на нуклеарен контранапад „во која учествувалe супер-големи ракетни артилериски лансери“. Државната новинска агенција КЦНА јави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал вчерашното лансирање, првата демонстрација на новиот систем за управување и контрола на нуклеарното оружје на Пјонгјанг наречен „Haekbangashoe“ или …

Повеќе »

Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија 

Советот на ЕУ донесе „Одлука за склучување на Договор за стратешко партнерство меѓу Европската Унија и нејзините земји членки со Јапонија“, со што се овозможува стапување во сила на првата билатерална рамковна спогодба меѓу двете страни.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со Договорот се воспоставува сеопфатна рамка …

Повеќе »

Зеленски му се заблагодари на Бајден во телефонски разговор за неговата поддршка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во телефонски разговор изразил благодарност до американскиот претседател Џо Бајден за неговата поддршка и лидерство. Зеленски напиша на Телеграм дека во разговорот ја истакнал улогата на претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и лидерот на малцинствата во Претставничкиот дом Хаким Џефрис за усвојувањето …

Повеќе »

Германскиот претседател оддаде почит на турските мигранти за придонесот во германската економија

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска им оддаде почит на достигнувањата на многуте Турци кои минатиот век пристигнале во Германија за да помогнат во задоволувањето на побарувачката за работна сила и обновата на повоената економија на земјата, јави ДПА. „Тие помогнаа да се изгради нашата земја, ја направија силна и заземаат …

Повеќе »

Ердоган во Багдад: Потпишаните договори се пресвртница во односите меѓу Турција и Ирак

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, по средбата во Багдад со ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани, рече дека Стратешкиот рамковен договор потпишан меѓу Турција и Ирак претставува „цврст патоказ“, пренесува Анадолија. „Верувам дека мојата посета и договорите кои штотуку беа потпишани ќе претставуваат нова пресвртница во односите меѓу Турција и …

Повеќе »

Пленковиќ потврди дека ќе биде носител на листата на ХДЗ на изборите за Европскиот парламент

Премиерот на Хрватска и лидер на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ денеска потврди дека ќе биде носител на листата на неговата партија на изборите за Европскиот парламент. Тој позитивно одговори на новинарско прашање дали ќе ја предводи листата на ХДЗ за ЕП, пренесува Хина. Пленковиќ ги демантираше тврдењата …

Повеќе »

Ерменија бара повлекување на хашкото обвинение за етничко чистење во Нагорно Карабах

Адвокатите кои ја застапуваат Ерменија побараа од Меѓународниот суд на правдата во Хаг да го отфрли обвинението на Азербејџан за етничко чистење во Нагорно-Карабах. Азербејџан поведе постапка пред Меѓународниот суд на правдата во 2021 година за случајот, помалку од една недела откако Ерменија започна спор против Азербејџан за војната во …

Повеќе »

Борел: ЕУ ги прошири санкциите за иранските производители на дронови и проектили  

– Министрите на денешното заседание на Советот за надворешни работи постигнаа политички договор за проширување на постојниот Режим на рестриктивни мерки кон Иран поради испорака на дронови и проектили за Русија и во случај на нивна дистрибуција во регионот на Блискиот Исток, соопшти високиот претставник на ЕУ за надворешна политика …

Повеќе »

Макрон: Неопходно е да се избегне ескалација на Блискиот Исток

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, го повтори ставот на официјален Париз дека е неопходно да се избегне ескалација на Блискиот Исток. Тој, исто така, рече дека е важно и спротивставувањето на напорите на Иран да го дестабилизира регионот, објави Елисејската палата. Макрон, …

Повеќе »

Шеф на украинско воено разузнавање: Ќе се соочиме со тешка, но не и катастрофална ситуација

Од средината на мај до почетокот на јуни Украина ќе биде во тешка ситуација, но без катастрофални последици, изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов за Би-Би-Си Украина. „Според наше мислење, во блиска иднина ќе се соочиме со прилично тешка ситуација. Но, тоа не е катастрофално, исто така …

Повеќе »