Breaking News

СВЕТ

Украина ја обвини Русија за ширење дезинформации кои имаат за цел да ги поделат западните сојузници

Украинските власти денеска ја обвинија Русија дека спроведува кампања за дезинформации чија цел е да ги подели украинските сојузници и да го „деморализира“ украинското општество пред да „нанесе пораз“ на бојното поле. Русија започна „план за саботажа, информативни операции и провокации“ со цел да ја „намали западната поддршка“ за Киев, …

Повеќе »

Муслиманите во САД ги повикуваат гласачите да не гласаат за Бајден поради неговата политика кон Израел

Во американската сојузна држава Мичиген денеска се гласа на претседателските прелиминарни избори, каде се очекува тоа да биде само уште една потврда за Доналд Трамп, додека лидерот на демократите Џо Бајден се соочува со незадоволството на муслиманите и Американците со арапско потекло поради војната во Газа. Актуелниот претседател нема никаква …

Повеќе »

Норвешкиот крал Харалд Петти е хоспитализиран во Малезија поради инфекција

Норвешкиот крал Харалд Петти е хоспитализиран во Малезија поради инфекција која ја добил додека бил на одмор. „Неговото височество кралот се разболе за време на неговиот одмор во Малезија и таму беше хоспитализиран поради инфекција“, се вели во соопштението на норвешкото кралско семејство. Во соопштението се наведува дека за 87-годишниот …

Повеќе »

Хезболах ракетираше израелска военовоздушна база

– Хезболах денеска соопшти дека истрелала голем број ракети од јужниот дел на Либан врз израелската воздушна база Мерон. Хезболах наведе дека нападот е одмазда за вчерашниот израелски напад врз цели на шиитска проиранска група во близина на либанскиот град Балбек. Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека од Либан истрелани …

Повеќе »

Повеќе од 50 уапсени на протест во Њујорк, бараа прекин на огнот во Газа

Околу 50 демонстранти се уапсени во Њујорк додека го повикуваа американскиот претседател Џо Бајден да прекине да ја поддржува израелската Влада и нејзините воени операции во Газа. Собрани во Рокфелер центарот во Менхетен во обид да го попречат снимањето на интервјуто на Бајден за емисијата „Доцна навечер со Сет Мејерс“ …

Повеќе »

По првпат на Антарктикот откриен птичји грип

По првпат е откриен птичји грип (H5N1) на копното на Антарктикот, соопштија научниците. Според британскиот весник „Гардијан“, научниците од базата Примавера, аргентинската научноистражувачка станица на Антарктикот, испитувале два мртви галеба. Научниците истакнаа дека птичји грип е откриен и кај двата галеба и посочија дека ова се први такви случаи на …

Повеќе »

САД ги повикаа светските лидери да ги испратат замрзнатите средства на Руската централна банка во Украина

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен денеска ја изрази својата силна јавна поддршка досега за идејата за трајно одземање на околу 300 милијарди американски долари замрзнат имот на Централната банка на Русија и нивно користење за долгорочна обнова на Украина. „Неопходно е и итно нашата коалиција (за поддршка на Украина) …

Повеќе »

Стано: ЕУ нема донесено одлука за испраќање војници во Украина 

– На ниво на ЕУ не е донесена каква било одлука за испраќање вооружени сили во Украина кои би се бореле на теренот, туку само постои консензус дека на земјата треба да си пружи се што е потребно и колку што ќе биде потребно за да го оствари нејзиното законско …

Повеќе »

Европскиот парламент го усвои Законот за обновување на природата

Европскиот парламент денеска го усвои Законот за обновување на природата и покрај тоа што Европската народна партија, која ја има најголемата парламентарна група, гласаше против. Со Законот од земјите-членки се бара да воведат мерки за обновување на природата на една петтина од нивното копно и море до 2030 година, како …

Повеќе »

Шолц: Европските земји и членките на НАТО нема да испраќаат војници во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека европските земји и членките на НАТО нема да испраќаат војници во Украина. „Се разговараше за тоа дека тоа што е договорено меѓу сојузниците од почетокот, да важи и за иднината, а тоа е дека на територијата на Украина нема да има војници на …

Повеќе »