Breaking News

СВЕТ

Харис: Ако се потврди, смртта на Навални е уште еден доказ за бруталноста на рускиот претседател

Потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис денеска изјави дека Америка се обидува да утврди дали е точна веста дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал и ако е точна, тоа е, тврди таа, уште еден доказ за бруталноста на рускиот претседател. „Почина во Русија. Ова е, секако, страшна вест, …

Повеќе »

Гутереш: Светот е повеќе поделен отколку било кога во изминатите 75 години

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави денеска дека нашиот свет се соочува со егзистенцијални предизвици, но дека светот е повеќе поделен отколку било кога во изминатите 75 години. На Минхенската безбедносна конференција, на панелот за глобалниот поредок, тој истакна дека таа поделеност е помалку опасна отколку за време …

Повеќе »

Блумберг: ЕУ ќе мора да ја удвои помошта за Украина, доколку нема американска поддршка

Европската унија ќе мора да ја удвои воената помош за Украина доколку САД не одобрат поддршка за Киев, пишува Блумберг, повикувајќи се на извештај на германскиот институт за светска економија. На 1 февруари земјите од Европската унија се договорија да доделат 50 милијарди евра за Украина од 2024 до 2027 …

Повеќе »

Отворена Минхенската безбедносна конференција

Шефот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојсген, денеска изјави дека човечкото страдање ширум светот е зголемено до степен што многу генерации веројатно не го виделе досега. Ако ги прашате луѓето да ја опишат состојбата во светот, ќе слушнете многу мрачни коментари, што се одрази и во овогодишниот извештај за безбедност …

Повеќе »

Пејчиновиќ Буриќ: Смртта на Навални е потсетник за непочитувањето на човековите права во Русија 

Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ изрази жалење поради смртта на руски опозициски лидер Алексеј Навални во затвор во Русија, барајќи властите да спроведат итна и темелна истрага.  – Длабоко сум вознемирена и огорчена од веста за ненадејната смрт на истакнатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални во …

Повеќе »

Столтенберг: Русија мора да одговори на прашањата за околностите за смртта на Навални

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да одговори на прашањата поврзани со смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални и додаде дека е неопходно да се утврдат фактите поврзани со неговата смрт. „Треба да ги утврдиме сите факти, а Русија мора да одговори на сите сериозни прашања за …

Повеќе »

Кој беше Алексеј Навални?

Рускиот опозиционер Алексеј Анатолиевич Навални, кој денеска почина во затворска колонија во автономниот округ Јамало-Ненец на 48-годишна возраст, отслужи 30-годишна затворска казна во Русија. Навални, по професија правник, влезе во политиката во 2000 година како член на партијата Јаблоко, а во политиката влезе посериозно кога помагаше во протестите во Русија …

Повеќе »

Песков: Путин e информиран за смртта на Алексеј Навални

Рускиот претседател Владимир Путин е информиран за смртта на Алексеј Навални, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Претседателот е информиран“, рече Песков. Тој додаде дека Федералната казнено-поправна служба спроведува проверка и дека не се потребни дополнителни налози. „Колку што сега знаеме, во согласност со постоечките правила, Федералната служба за спроведување …

Повеќе »

Ринкевичс : Навални беше „брутално убиен“ од Кремљ

Претседателот на Летонија Едгарс Ринкевичс денеска на мрежата Х напиша дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил „брутално убиен од Кремљ“. „Што и да мислите за Алексеј Навални како политичар, тој беше брутално убиен од Кремљ. Ова е факт и е нешто што треба да се знае за природата на …

Повеќе »

Утврдена е локацијата на остатоците од товарниот брод што потона во Мраморното Море

Тимовите за пребарување денеска ја утврдија локацијата на остатоците од товарниот брод „Батухан А“ што потона во Мраморното Море додека продолжува опсежната потрага по шесте исчезнати членови на екипажот. Бродот што превезуваше мермерен прав од островот Мармара во Баликесир до Бурса во северозападна Турција на 15 февруари потона кај островот …

Повеќе »