СВЕТ

Меѓународен ден на подготвеност за епидемии

Пандемијата на Ковид-19 не е последна за човештвото, треба да се подготвиме за следната, напиша на Твитер генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш по повод 27 декември – Меѓународниот ден на подготвеност за епидемии. Генералното собрание на ОН во 2020 година го прогласи 27 декември за Меѓународен ден на подготвеност …

Повеќе »

Во САД за еден ден откажани речиси 1.200 летови поради Ковид-19

Американските авиокомпании откажаа речиси 1.200 летови во неделата бидејќи голем број пилоти и членови на екипажот се во изолација поради Ковид-19. Комерцијалните авиокомпании откажаа 1.171 лет во, до или од САД , според податоците на FlightAware.com. Тоа е трет ден по ред со голем број откажани летови во САД. За …

Повеќе »

Во Виена продолжуваат преговорите за обнова на нуклеарниот договор со Иран

Денеска во Виена почнува осмата рунда разговори за обновува на Заедничкиот сеопфатен акциски план за иранската нуклеарна програма. Таа ќе почне со состанок на Мешовитата комисија на Иран и „петте” меѓународни посредници (Русија, Велика Британија, Германија, Кина и Франција), чии претставници ќе продолжат да разговараат за изгледите за имплементација на …

Повеќе »

Потврдени првите случаи на Омикрон во Косово

Косовскиот институт за јавно здравје синоќа потврди дека во Косово е регистрирана новата варијанта на коронавирусот Омикрон, во вкупно девет случаи досега, јави Бета. Во лабораторијата за молекуларна микробиологија на овој институт вчера биле тестирани 22 позитивни примероци собрани во периодот од 15 до 25 декември, од кои за девет …

Повеќе »

Столтенберг предложи на 12 јануари да се одржи состанок на Советот НАТО-Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг одлучи да го свика Советот НАТО-Русија на 12 јануари и е во „контакт” со Москва за да го организира состанокот, изјави претставник на Алијансата во Брисел. Столтенберг во изминатите месеци повеќепати ѝ понуди на Москва да го продолжи дијалогот во рамките на Советот НАТО-Русија, …

Повеќе »

Светот во 2021: Година кога Меркел кажа збогум на политиката

Речиси три децении ОН ги обединува скоро сите држави на Земјата на глобални климатски самити наречени КОП, што значи „Конференција на страните” (COP – Conference of the Parties). Од тогаш климатските промени од маргинално прашање се претворија во глобален приоритет. Годинава беше 26-от годишен самит, со што името беше КОП26. …

Повеќе »

Курц потпиша договор за работа во САД

Поранешниот австриски канцелар, некогаш најмладиот премиер на светот, Себастијан Курц, потпиша договор за вработување во САД. Како што пишува весникот „Естерајх”, Курц од следната година најмногу време ќе поминува во САД, бидејќи се вработил во приватниот сектор, во областа на инвестициите. Курц најави дека следната година ќе објави детали за …

Повеќе »

Прослава на Божиќ според Грегоријанскиот календар втора година по ред под сенка на пандемијата со коронавирусот

Неколку милијарди луѓе денеска го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар, но прославата е под сенка на пандемијата на коронавирусот втора година по ред, особено поради појавата на новиот сој Омикрон. Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ќе служи миса и ќе се обрати на традиционалната божиќна „Порака до градот …

Повеќе »

Вучиќ: Отворен Балкан е „најголемиот мировен проект што Балканот сам го направил”

Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа во интервју за ТВ Прва изјави дека Отворен Балкан е „најголемиот мировен проект што Балканот сам го направил” и оцени дека иницијативата, чиј дел се Србија, Албанија и Северна Македонија, „може да биде машина за раст и развој на цела Европа”. „Не ги разбирам …

Повеќе »