Breaking News

СВЕТ

Во американски напад во Ирак убиен командант на Катаиб Хезболах

– Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ) соопшти дека во вчерашниот напад врз ирачка територија убиен е командант на шиитската група Катаиб Хезболах. Нападот бил преземен како одговор на нападите врз американскиот воен персонал во регионот. Убиениот командант на влијателната проиранска шиитска група е одговорен за директно планирање и …

Повеќе »

Европскиот парламент денеска ќе гласа за резолуција за ситуацијата во Србија по изборите

Пратениците на Европскиот парламент (ЕП) денеска во Стразбур ќе гласаат за резолуција со која се бара независна меѓународна истрага за нерегуларностите на декемвриските парламентарни, покраински и локални избори во Србија, со посебен фокус на изборите во Белград. Во конечниот предлог-резолуција за ситуацијата во Србија по декемвриските избори, ЕП ја повикува …

Повеќе »

Заврши истрагата за несоодветното чување на доверливите документи од страна на Бајден

– Специјалниот советник на американското Министерство за правда за несоодветното чување на доверливи документи од страна на претседателот Џо Бајден ја заврши истрагата и наскоро се очекува негово објавување, изјави американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд. Тој во писмото испратено до конгресмените не ги елаборира наодите од извештајот на специјалниот советник …

Повеќе »

Путин: Русија постигна конкретни резултати во напорите за ослободување на заложниците

Рускиот претседател Владимир Путин им соопшти на лидерите на еврејската заедница во Русија дека Москва „постигнала конкретни резултати“ во дипломатските напори за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, пренесува Тајмс оф Израел. На средбата со рускиот главен рабин Берл Лазар и претседателот на Федерацијата на еврејските заедници, Александар Борода, …

Повеќе »

Загриженост во ОН поради плановите на Израел да ги насочи нападите кон Рафа

Шефот на хуманитарната организација на ОН, Мартин Грифитс, изјави дека е „екстремно загрижен“ поради плановите на израелската армија да ги прошири воените операции до пограничниот град Рафа во Појасот Газа, каде внатрешно раселените палестински цивили живеат во исклучително тешки услови и од кадешто немаат каде да се засолнат. – Повеќе …

Повеќе »

Парламентарни избори во Пакистан

– Во Пакистан денеска се одржуваат парламентарни избори на кои 44 партии се борат за 266 места во Долниот дом на Парламентот – Националното собрание. Помалите партии би можеле да играат клучна улога во формирањето влада на која и се потребни 169 места во Националното собрание со вкупно 336 пратеници …

Повеќе »

ЕУ ќе и додели на Турција 400 милиони евра за санација на последиците од ланските земјотреси 

Европската комисија и Турција потпишаа договор со кој преку Фондот за солидарност на Европската Унија (ЕУСФ) на Анкара ќе и биде доделен грант во износ од 400 милиони евра наменети за финансирање на проекти за обнова и санација по катастрофалните земјотреси што ја погодија земјата на почетокот на минатата година. …

Повеќе »

Киев најави дека го враќа „украинскиот дел“ од наследството на СССР

– Министерството за надворешни работи на Украина и Фондот за државна сопственост почнаа со работа на враќање на „украинскиот дел од странските средства на советското наследство“, соопшти претседателот на фондот Виталиј Ковал. – Посебен приоритет е враќањето на уделот на Украина во странските средства од советското наследство. Станува збор за …

Повеќе »

Раиси: Иран ќе продолжи мирно да ја развива својата нуклеарна програма

– Иран ќе продолжи да го користи своето легитимно право за мирно развивање на својата нуклеарна програма, без разлика дали другите земји се обидуваат да се мешаат во тој процес, изјави денеска иранскиот претседател Ебрахим Раиси. – Земјите со нуклеарно оружје се обидуваат да го спречат иранскиот народ да го …

Повеќе »

Топлата и врнежлива сезона го забрза ширењето на вирусот денга во Бразил

– Топлата дождовна сезона во Бразил го засили ширењето на вирусот денга, што ги принуди надлежните здравствени институции да преземат итни мерки и да почнат со масовна вакцинација против болеста што ја пренесуваат комарците. Во првите пет недели од оваа година се регистрирани 364. 855 случаи на денга треска, четири …

Повеќе »