Breaking News

СВЕТ

ЕУ воведе дополнителни санкции за поткопување на стабилноста на Судан 

Советот за надворешни работи на Европската Унија на денешното заседание во Брисел донесе одлуки за проширување на листата на субјекти кои се предмет на рестриктивни мерки во врска со ситуацијата во Судан и ги одобри заклучоците за приоритетите на ЕУ во релевантните форуми за човекови права на ОН во 2024 …

Повеќе »

Одобрени 209 милиони евра преку „ИнвестЕУ“ за производство на „зелен челик“ во Шведска 

Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Нордиската инвестициска банка (НИБ) заеднички ќе финансираат проект за отворање на големиот капацитет за производство на „зелен челик“ на компанијата „Ха2 Грин Стил“ во северна Шведска.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕИБ ќе придонесе во проектот со 314 милиони евра, од кои …

Повеќе »

Албарес: Шпанија во Брисел се залага за итен прекин на огнот во Газа и признавање на палестинската држава

Шпанија ќе се залага за траен прекин на огнот во Појасот Газа и признавање на палестинска држава на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија во Брисел, изјави денеска шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес. Во пресрет на средбата Албарес рече дека целата меѓународна заедница треба …

Повеќе »

Кремљ соопшти дека не контактирал со Трамп за конфликтот во Украина

Кремљ не контактирал со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за прашања поврзани со решавање на конфликтот во Украина, соопшти руското претседателство. Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, руското раководство нема идеја како точно Трамп има намера да го реши проблемот доколку победи на изборите. – Не, немаме информации како тоа …

Повеќе »

Бел штрајк на хрватските судии и обвинители

– Судиите и обвинителите во Хрватска од денеска стапија во бел штрајк, кој ќе трае до 2 февруари. За време на штрајкот ќе се работи само на предметите кои би можеле да застарат. Здружението на хрватските судии соопшти дека од денеска почнува нов циклус на предупредувачки мерки, но и оти …

Повеќе »

СЗО: Без нови договори за борба против пандемии, на удар ќе бидат идните генерации

Земјите-членки ризикуваат да го пропуштат мајскиот рок за постигнување обврзувачки договор за борба против пандемии, што би било голем удар за идните генерации, предупреди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус. Новиот договор и унапредување на постојните правила за справување со пандемии ќе имаат за цел …

Повеќе »

Кац: Главни цели на Израел се враќање на заложниците и на безбедноста 

Со моите колеги од ЕУ ќе разговараме за две цели – за враќање на заложниците и за поддршката на Израел во разбивањето на Хамас, кој изврши брутален напад врз нас, изјави денеска израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац при пристигнувањето на заседанието на Советот за надворешни работи на Европската …

Повеќе »

Сафади: Израел му пркоси на решението за две држави, но тоа е единствениот излез

Јорданскиот министер за надворешни работи ја осуди „радикалната расистичка агенда“ на израелската влада, велејќи дека таа му пркоси на светот во неговото одбивање да прифати решение за две држави за Израел и Палестина. -Единствениот излез од оваа беда е решение за две држави, им рече Ајман Сафади на новинарите на …

Повеќе »

Законот за поштенското гласање во Грција пред пратениците

– Предлог-законот за поштенското гласање во Грција што ќе важи само за евроизборите и референдумите во земјата, денеска ќе биде доставен во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот закон се очекува да биде спроведен на претстојните европски избори во јуни, а предвидува Грците кои живеат во странство …

Повеќе »

Лајчак: Треба да се искористи политичкиот замав во проширувањето на ЕУ

Специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак оцени дека треба да се искористи политичкиот замав во проширувањето на ЕУ. Сумирајќи ја претходната недела, Лајчак синоќа на Фејсбук објави дека минатата недела бил во Давос на Светскиот економски форум, каде што …

Повеќе »